Контакт

Европа

Идентификуван Словенецот уапсен во Италија за регрутирање џихадисти

Објавено пред

Словенечкиот државјанин кој во неделата беше уапсен во соседната Италија под обвинение дека учествувал во меѓународна терористичка организација и дека на италијанска територија радикализирал потенцијални борци за џихадистите во војната во Сирија, е 26-годишниот Рок Жавби, пренесуваат во понеделникот словенечките медиуми, повикувајќи се на весникот Il Piccolo од Трст.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано во неделата вечерта ја објави информацијата дека тамошните безбедносни сили уапсиле словенечки државјанин осомничен за учество во терористичка група и регрутирање потенцијални борци.

Алфано во Милано рече дека во рамките на нова полициска операција против терористичките закани, а во соработка со полицијата на Словенија, во областа којашто е под надлежноста на правосудните власти на Венеција е уапсени 26-годишен словенечки државјанин кој веќе се борел на страна на џихадистите во Сирија, а во Италија барал нови борци за терористичките групи на Блискиот исток.

Според Алфано, ова и некои други апсења во Италија од крајот на минатиот и почетокот на овој месец укажуваат на можни конкретни терористички закани за земјата и истовремено ја покажала подготвеноста на италијанските безбедносни служби да се соочат со овој проблем.

Според италијанските медиуми, станува збор за терористичка операција којашто беше започната кон крајот на минатата годија, а деновиве резултираше со депортирање од Италија на двајца македонски државјани, кои се соочија со слични обвиненија како и сега уапсениот словенечки државјанин.

Кон крајот на февруари македонски државјанин, осомничен дека во Италија регрутирал кандидати за џихад, беше уапсен во Местре, во близина на Венеција, во операција на специјалните сили на карабинерите ROS. Мажот, чиешто име не беше објавено бил задолжен од босански имам да регрутира идни борци за екстремната сунитска група Исламска држава на Блискиот исток.

На македонскиот државјанин му е одреден притвор а надзорот на ROS овозможил „проверка на фактите дека македонскиот државјанин бил задолжен за селекција и регрутирање на италијанската територија на лица кои би сакале да станат муџахедини, кои потоа требало да му бидат доверени на босанскиот имам кој се грижел за нивното радикализирање, вклучување во терористичка организација и испраќање во зоните на конфликтот“ на Блискиот исток.

Во рамките на истата таа истрага за спречување исламистичка радикализација во Италија последните неколку месеци беа протерани други двајца македонски државјани, коишто се именувани како Арслан Османоски и Реџеп Лијмани. Според сознанијата, истрагата покажала дека од Италија во Сирија најверојатно преку оваа врска заминале неколку странски борци, двајца македонски и еден босански државјанин, од кои двајца загинале на боиштето во периодот меѓу 2013 и 2014 година, додека третиот наводно сé уште се наоѓа во зоната на борбите на Блискиот исток.

Османоски живеел во Парденоне, и во неговата куќа биле пронајдени џихадистички пропагандни материјали, и е обвинет дека имал улога во синџирот за регрутирање радикални лица. Лијмани, кој живеел во местото Сан Зеноне дели Езеилни, во близина на Тревизо, пак, бил обвинет дека исто така контактирал со лица со екстремистички ставови од балканско потекло вршејќи вехабистичка пропаганда.

Словенечката полиција сé уште не објави информации за овој случај, а италијанскиот весник Il Piccolo пишува дека станува збор дека уапсениот осомничен за тероризам е 26-годишниот медицински техничар од Камник, Рок Жваби. Тој пред повеќе години преминал во ислам, а во текот на 2014 година престојувал во Сирија.

Во тој период, кога словенечките медиуми опширно пишуваа за опасноста од тероризмот и учеството на словенечките државјани во судирите на Блискиот исток, Жваби ви неколку појавувања во медиумите негираше дека се борел на страна на џихадистите, и тврдеше дека во Сирија работел во екипа на брза помош од хуманитарни причини, а не како борец на боиште.

Весникот Il Piccolo во понеделникот пишува дека според податоците на словенечките разузнавачки служби, во Сирија на страна на единиците кои се борат против владата на претседателот Башар ал-Асад загинал најмалку еден борец од Словенија. Станува збор наводно за извесен Јура Корелц кој исто така пред заминувањето во Сирија преминал во ислам, а загинал во април 2014 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки

Објавено пред

Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.

dobivaj vesti na viber

Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.

Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.

Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Објавено пред

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.

dobivaj vesti na viber

Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.

Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.

„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Објавено пред

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.

dobivaj vesti na viber

„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.

„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.

Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.

Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.

Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија4 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија6 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија7 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија8 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија8 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија9 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ10 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа12 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет12 часа

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа13 часа

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа13 часа

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион13 часа

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет13 часа

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...

Македонија23 часа

Филипче: Нема да дозволам внатрепартиско роварење и поделби платени од ВМРО

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3,...

Македонија1 ден

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Владата не размислува за забрана на социјалните медиуми за деца и млади,...

Македонија1 ден

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

Утре напладне, повторно со најмалку 21 работник, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе ги блокира Стопанската комора, Организацијата на...

Македонија1 ден

Парите на граѓаните кои ваделе пасош си ги ставал во џеб, кривична пријава за вработен во одделот за издавање документи во Штип

Вработен во Одделението за управни работи Штип ги лажел граѓаните кои ваделе пасош дека не работи пост терминалот за наплата со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднела Предлог на закон за изменување на Законот за постапување со бесправно...

Топ1 ден

МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден

Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје,...