Европа
Идентификувани уште двајца од париските напаѓачи, еден бил гонет за тероризам
Во истрагата во врска со петочните терористички напади во Париз, идентификувани се уште двајца напаѓачи, од кои уште еден со сириски пасош кој во октомври минал регистрација во Грција, а другиот бил веќе истражуван поради тероризам, објави во понеделникот обвинителот на француската престолнина.
Едниот од напаѓачите чиј идентитет е утврден, претходно бил гонет по обвиненија за тероризам, рече главниот обвинител на Париз, Франсоа Моленс,
Според него, бомбашот самоубиец Сами Амимур, кој се кренал во воздух на концертот во театарот „Bataclan“, е роден во Париз на 15-ти октомври 1987 година (28-годишен). Тој во октомври 2012 година бил дел од истрагата во случај за поврзаност со други осомничени лица за тероризам. Во 2013 година, по прекршувањето на правилата за судски надзор, по него е издадена меѓународна потерница.
Утврден е, исто така, и идентитетот на уште еден терорист, кој се крена во воздух во близина на „Stade de France“ за време на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Франција и Германија, кој го следеше и францускиот претседател Франсоа Оланд, во придружба на шефовите на дипломатиите на двете земји, Лорен Фабиус и Франк-Валтер Штајнмаер.
Според истрагата, кај него бил пронајден пасош на Ахмад ал-Мохамад, роден во Сирија. Обвинителот Моленс додаде дека овој сириски пасош е регистриран во почетокот на октомври во Грција меѓу сириските бегалци.
Досега како веројатни напаѓачи се идентификувани 31-годишниот Брахим Абделсалам кој загинал во близина на салата „Bataclan“ и 30-годишниот Омар Исмаил Мостефај француски државјанин од париското предградие Куркурон, а кој до 2012 година живеел во Шартр, чие тело е пронајдено во салата. Идентификуван е и 20-годишниот Билал Хадфи, кој е пронајден во близина на „Stade de France“.
По Салах Абделсалам, реден на 15-ти септември 1989 година во Брисел, „опасен и немојте ништо да преземате самите“, како што го опиша француската полиција, започната е интензивна потрага. По него белгиското правосудство издаде меѓународна потерница, за пој постојат сомневања дека пребегнал во соседна Шпанија. Тој е брат на Брахим Абделсалам./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.