Европа
Италија и Франција ‘на нож’ поради мигрантите
Италија и Франција во понеделникот почнаа „војна“ со зборови, откако 250 Африканци се најдоа заглавени на заедничката граница кај градот Вентимиља.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, ги опиша сликите на мигранти испоседнати на камењата на жешкото сонце во пограничниот град Вентимиља, како „шлаканица за Европа“.
Неговиот француски колега Бернард Казанев му возврати дека Франција има полно право да ги врати илегалните мигранти или оние кои бараат азил, во Италија.
Вербалниот судир се случува ден пред разговорите меѓу овие двајца министри, но и сите други министри за внатрешни работи од Европската унија, што се одржуваат во втроник во Луксембург, околу кризата со мигрантите.
Околу 250 мигранти, повеќето од земјите од англиски говорни подрачја во Африка, според AFP, кампуваат веќе четири дена во Вентамиља, протестирајќи за нивните права да бидат пуштени во Франција, од каде ќе се упатат кон други земји во Европската унија, на север.
„Ќе останеме овде и утре, и ден потоа и неколку месеци ако треба. Ние бараме само да ни се дозволи да поминеме низ Франција и да стигнеме во дргуи земји“, вели 20-годишниот Брахим од Дарфур, Судан.
Според Алфано, сликата од граница е доказ дека мигрантите немаат желба да останат во Италија. „Тие сакаат да заминат во други делови на Европа, а нашата земја ја сметаат за транзит“.
Според Казанев, тој аргумент е без основа, повикувајќи се на договорот од Даблин, според кој оние кои дошле во Европската унија треба да бидат процесуирани во земјата во која прво стапнале.
„Правилата од Даблин мора да се почитуваат. Кога мигрантите пристигнуваат во Франција тие поминале низ Италија, и таму се регистрирани, а според применливите европски закони, тоа значи дека треба да се вратат во Италија“, рече Казанев за телевизијата BFMTV.
Тој потврди дека француските власти вратиле голем број мигранти, за да се заштитат оние кои не бараат азил, велејќи дека на тој начин се обезбедува легитимен престој.
Но, негираше дека Париз нашол ефективен начин да ја затвори границата.
Според Италија, договорот од Даблин не може да се примени во сегашната ситуација, кога бројот на мигранти енормно е зголемен. Повеќе од 200.000 луѓе дошле на јужните порти на Европа од почетокот на 2014 година, што го зголемува гневот на Рим, од каде сметаат дека нивните ЕУ партнери ги затвораат очите пред растечкиот проблем.
Големиот број вратени мигранти во Италија во последните две седмици го зголеми притисокот врз земјата, а проблемот стана видлив, затоа што дел од мигрантите спијат во железничките станици .
Премиерот на Италија, Матео Ренци, се закани во неделата дека ќе преминат на „планот Б“ за да се справат со кризата со мигрантите, кој би ја `заболел` Европа. Ренци не прецизираше кој е тој план Б, но медиумите претпоставуваат дека Рим може времено да им издаде визи на мигрантите со што би им овозможил да патуваат во Шенген зоната.
Таков потег би бил политичка експлозија која би ги поткопала и Даблинскиот договор и Шенген начелата.
Алфано рече дека во вторник ќе ги замоли еропските колеги да се сложат за пофер распределба на мигрантите низ целата Европска унија, како и да се размисли за изградба на камп за процесуирање во Либија, местото кое е почетна точка на патувањето на мигрантите кон Италија и од таму во Европа.
Неколку змеји се изјаснуја дека се против поделбата на мигрантите меѓу земјите, а отворање пункт во Либија дополнително би го комплицирала проблемот, со вклучување на севено Африканските земји.
Италија, исто така, сака да се постигне договор со африканските земји за репатријација на мигрантите, со платен лет назад во земјите од кои доаѓаат, затоа што дев третини од нив не бараат азил./крај/мф/бб
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

