Европа
Јункер ги повика членките на ЕУ да го исполнат ветувањето за средства за бегалската криза
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ги повика во четвртокот земјите членки на Европската унија да го одржат ветувањето кои до дадоа на последниот самит и да го уплатат својот дел од финансискиот придонес за решавање на бегалската криза.
„Денеска е најважно земјите членки да го исполнат она што го ветија на самитот од 23-ти септември. Да се одржи ветувањето е прашање на доследност“, изјави Јункер по состанокот со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, со кој разговараше пред самитот кои започна попладнето и на кој челниците на 28-те земји членки на ЕУ повторно ќе разговараат за бегалската криза.
На последниот самите челниците на земјите членки ветија финансиска помош од најмалку милијарда евра за хуманитарните организации на Обединетите нации кои им помагаат на бегалците во земјите во соседството на Сирија. Предвидено е околу половината од тој износ да се осигури од европскиот буџет, а другата половина со директни уплати од земјите членки.
Засега само десет земји ветија конкретни уплати во вкупен износ од 275 милиони евра, при што 80 отсто од тоа отпаѓа на придонесите на Германија и Велика Британија. Вкупно во трите фонда, земјите членки на ЕУ би требало да придонесат со 2,25 милијарди евра, за олеснување на бегласката криза во Европа.
ЕК е незадоволна и од пополнувањето на итниот фонд за помош на транзитните земји и на африканските земји од кои бегалците доаѓаат во ЕУ. Од земјите членки на ЕУ се очекува придонес во износ од 1,8 милијарди евра. Во фондот за помош на сириските соседи, во кој ЕК уплати 500 милиони евра, пак, земјите членки засега уплатиле само 8 милиони евра, и тоа Италија и Германија.
Јункер изјави дека потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс, и еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, до четири часот утрото во четвртокот разговарале во Анкара за заедничкиот акциски план и дека постојат добри шанси за успех, иако сé уште не може да даде заклучна оцена.
Исто така, Јункер рече дека ЕК ќе ја забрза работата по предлогот за измени на Даблинскиот систем, според кој земја членка во којашто прво ќе влезе барател на азил е должна да го разгледува неговото барање. Претходно беше планирано делка ЕК ќе излезе со нов предлог во март следната година, но сега Јункер најави дека тоа ќе се случи порано./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.