Европа
Јункер и Туск му честитаа на Трамп, повикаа на уште позасилена соработка меѓу ЕУ и САД
Стратешкото партнерство помеѓу ЕУ и САД е втемелено во заедничките вредности на слободата, човековите права, демократијата и вербата во пазарната економија, а во изминатите години ЕУ и САД заеднички работеа на тоа да обезбедат мир и напредок за нашите граѓани ширум светот, се вели во заедничката изјава на претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск по повод изборот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за претседател на САД.
„Денес е поважно од било кога да ги засилиме трансатланските односи. Само преку поблиска соработка ЕУ и САД ќе може да продолжат да прават разлика кога се работи за справувањето со предизвиците како што се Даеш (Исламска држава), заканите кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, климатските промени и миграцијата“, се вели во изјавата во Јункер и Туск.
„За среќа, стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД е големо и сеопфатно, од нашите заеднички напори да обезбедиме енергетска безбедност и да се справиме со климатските промени, преку соработката меѓу ЕУ и САД во справувањето со заканите по безбедност на источното и јужното соседство на Европа, и до преговорите за ТТИП – не треба да ги намалиме напорите за да нашите врски да останат силни и постојани“, порачуваат европските челници.
„Треба да ги консолидираме мостовите кои ги градевме преку Атлантикот. Европејците веруваат дека Америка, чии демократски идеали секогаш беа зраци на надеж низ светот, ќе продолжиме да инвестираме во нашите партнерства со пријателите и сојузниците, да помогнеме во тоа нашите граѓани и народи ширум светот да се чувствуваат безбедно и просперитетно. Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ве поканиме да ја посетите Европа за одржување на ЕУ-САД самит што поскоро“, му порачаа Јункер и Туск на новоизбраниот американски претседател./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

