Европа
Калид Зеркани осуден на највисока затворска казна за регрутирање Белгијци
Калид Зеркани, водач на џихадистичка мрежа, осуден е во четвртокот на апелациониот суд во белгиската престолнина Брисел на 15 години затвор, што е највисоката затворска казна за регрутирање борци за војната во Сирија, а некои од нив се и учесници на терористичките напади во Париз од ланскиот 13-ти ноември и од 22-ри март годинава во Брисел.
Осуден на 12 години затвор во јули 2015 годна, овој 42-годишен Мароканец се жалеше на апелациониот суд на првостепената пресуда. Апелациониот суд, пак, во четвртокот му ја изрече максималната 15-годишна казна предвидена за „водење терористичка група“.
Во пресудата прочитана во бриселската Палата на правдата, судот го истакна „цинизмот“ на осудениот Калид Зеркани, кого неговите млади следбеници го нарекувале „Дедо Мраз, бидејќи им давал пари за патувања во Сирија.
Зеркани бил активен во бриселскиот кварт Моленбек и од првиот процес ги негираше сите обвинувања. Неговото движење беше предмет на истрага во 2012 година водена во Молнбек, но остана на слобода до големите рации на почетокот од 2014 година.
Во меѓувреме, неколку членови од неговата мрежа патувале во Сирија и се враќале од тамошното боиште, каде учествувале во граѓанската војна на страна на џихадистичките групи, меѓу кои и за Исламската држава.
Кога судење започна во пролетта 2015 година, само 13 од 32 обвинети биле присутни, меѓу нив и Зеркани, а 19-те други биле во зоните на судирите на Блискиот исток или се убиени. Во таа група е Чакиб Акрух, кон ланскиот 13-ти ноември се разнесе во Париз кога беа убиени 130 луѓе, како и Абделхамид Абауд за кој се смета дека е организатор на париските атентати.
Реда Крикет, кој исто така, беше приведен во март, бидејќи бил осомничен дека подготвува атентат во Франција, во 2015 година осуден е на 5 години затвори.
На првостепената пресуда заедно со Зеркани се жалеа и три жени, припаднички на движењето. Фатима Аберкан е осудена на 15 години затвор бидејќи целото своето семејство,вклучително и седум деца, ги радикализирала на џихадизам, а еден нејзини син загинал во Сирија. Нејзината сестра Наима Аберкан е осудена на 4 години, а Марија Рита Грило, којашто, исто така, патувала во Сирија, е осуден на 5 години затвор.
Меѓу следбениците на Заркани, бил и Наџим Лахруши, за кој е побара на затворска казна од 15 години затвор. Овој 24-годишен маж се разнесе со експлозив на 22-ри март на бриселскиот аеродром во бриселските напади во кои беа убиени 32 лица.
За бриселските напади Калид Зеркани, кој е во затвор од 2014 година, ќе биде суден во одвоен процес./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

