Контакт

Европа

Камерон ја реконструираше британската влада, Хамонд нов шеф на дипломатијата

Објавено пред

Британскиот премиер Дејвид Камерон го именуваше во вторникот Филип Хамонд за нов министер за надворешни работи по ненадејната оставка на Вилијам Хејг и ја спроведе најголемата реконструкција на својата влада од 2010 година, именувајќи жени и евроскептици неполна година пред изборите закажани за мај 2015 година.

dobivaj vesti na viber

„Филип Хамонд е новиот министер за надворешни работи“, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон на својот официјален акаунт на Twitter претходно во вторникот пред да ги објави другите именувања во својот кабинет.Педесет иосумгодишниот Хамонд, кој беше министер за одбрана од 2011 година, го наследува Вилијам Хејг кој приреди големо изненадување со оставката поднесена во понеделникот доцна навечер, образложувајќи дека сака да ја преземе улогата на челник на долниот дом на британскиот парламент кој е претставник на владата кој го одредува дневниот ред на заседавањата. Филип Хамонд, инаку, е истакнат евроскептик кој изјави дека за Велика Британија би било подобро да излезе од Европската унија, доколку премиерот Дејвид Камерон не успее да издејствува подобри услови за членството на својата земја. Именувањето на Хамонд веднаш ги поттикна шпекулациите дека Камерон, челникот на владејачките конзервативци, се обидува евроскептично да ја конотира владејачката коалиција за да ги задоволи барањата на сé погласното крило на незадоволниците во партијата и да се спротистави на предизборната закана којашто доаѓа од крајната десница на Британската независна партија (UK Independence Party – UKIP) којашто изненади со победата на мајските избори за Европскиот парламент. Според неодамнешната анкета што ја спроведе YouGov, британските лабуристи водат пред конзервативците со 38 наспроти 33 отсто гласови, доколку во моментов се одржат изборите. Во новиот 23-член кабинет на Камерон ќе има шест жени во споредба со трите во претходната 22-члена влада. Лабуристите досега редовно на Камерон му забележуваа за малиот процент жени ангажиран на највисоките должности. Така, 38-годишната Лиз Трас е именувана за министерка за околина, храна и рурални прашања. Мајкл Фалон, досегашниот министер за енергетика е именуван за нов министер за одбрана. Сер Џонатан Хил, 53-годишниот челник на Конзервативната партија во домот на лордовите, релативно непознат пратеник кој ја поддржува стратегијата на Камерон за преговарање за новите услови за останување на Велика Британија во ЕУ, стана нов британски комесар за Европската комисија.  Сменет од должноста е Кенет Кларк, 74-годишниот министер без портфељ, што е најдобриот доказ дека Камерон сака да ја подмлади владата. Познат како директен и отворен говорник, Кларк имаше „недостаток“ што е еврофил. Му вети на Камерон дека „силно ќе се бори за опстанокот на Британија во Европската унија“. Британскиот дневен весник The Daily Mail пишува за „чистка на педесетгодишниците“, во којашто се исфрлени и Овен Патерсон, досегашниот министер за околина, Дејвид Вилетс, државниот секретар за универзитети, Дејвид Џонс, министер за Велс и Ендрју Ронатан, министерот за Северна Ирска. Исфрлен од владата на Камерон е и Грег Бејкер, државниот секретар за климатски промени. Лабуристите во вторникот ја критикуваа реконструкцијата на Камерон нарекувајќи ја „масакр на умерените“, и оценија дека промените ја одразуваат слабоста на премиерот и неуспехот да ја реформира својата партија. „Во очајничкиот обид да ја добие поддршката во сопствената партија, тој ја реконструира владата исфрлајќи ги центристите и придвижувајќи го десното крило“, а „колежот на умерените покажува во која мера Дејвид Камерон е слаб“, изјави портпаролот на лабуристите Мајкл Дагер./крај/мф/снСветКамерон ја реконструираше британската влада, Хамонд нов шеф на дипломатијатаЛондон, 15.07.2014 (Макфакс) – Британскиот премиер Дејвид Камерон го именуваше во вторникот Филип Хамонд за нов министер за надворешни работи по ненадејната оставка на Вилијам Хејг и ја спроведе најголемата реконструкција на својата влада од 2010 година, именувајќи жени и евроскептици неполна година пред изборите закажани за мај 2015 година.„Филип Хамонд е новиот министер за надворешни работи“, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон на својот официјален акаунт на Twitter претходно во вторникот пред да ги објави другите именувања во својот кабинет.Педесет иосумгодишниот Хамонд, кој беше министер за одбрана од 2011 година, го наследува Вилијам Хејг кој приреди големо изненадување со оставката поднесена во понеделникот доцна навечер, образложувајќи дека сака да ја преземе улогата на челник на долниот дом на британскиот парламент кој е претставник на владата кој го одредува дневниот ред на заседавањата. Филип Хамонд, инаку, е истакнат евроскептик кој изјави дека за Велика Британија би било подобро да излезе од Европската унија, доколку премиерот Дејвид Камерон не успее да издејствува подобри услови за членството на својата земја. Именувањето на Хамонд веднаш ги поттикна шпекулациите дека Камерон, челникот на владејачките конзервативци, се обидува евроскептично да ја конотира владејачката коалиција за да ги задоволи барањата на сé погласното крило на незадоволниците во партијата и да се спротистави на предизборната закана којашто доаѓа од крајната десница на Британската независна партија (UK Independence Party – UKIP) којашто изненади со победата на мајските избори за Европскиот парламент. Според неодамнешната анкета што ја спроведе YouGov, британските лабуристи водат пред конзервативците со 38 наспроти 33 отсто гласови, доколку во моментов се одржат изборите. Во новиот 23-член кабинет на Камерон ќе има шест жени во споредба со трите во претходната 22-члена влада. Лабуристите досега редовно на Камерон му забележуваа за малиот процент жени ангажиран на највисоките должности. Така, 38-годишната Лиз Трас е именувана за министерка за околина, храна и рурални прашања. Мајкл Фалон, досегашниот министер за енергетика е именуван за нов министер за одбрана. Сер Џонатан Хил, 53-годишниот челник на Конзервативната партија во домот на лордовите, релативно непознат пратеник кој ја поддржува стратегијата на Камерон за преговарање за новите услови за останување на Велика Британија во ЕУ, стана нов британски комесар за Европската комисија.  Сменет од должноста е Кенет Кларк, 74-годишниот министер без портфељ, што е најдобриот доказ дека Камерон сака да ја подмлади владата. Познат како директен и отворен говорник, Кларк имаше „недостаток“ што е еврофил. Му вети на Камерон дека „силно ќе се бори за опстанокот на Британија во Европската унија“. Британскиот дневен весник The Daily Mail пишува за „чистка на педесетгодишниците“, во којашто се исфрлени и Овен Патерсон, досегашниот министер за околина, Дејвид Вилетс, државниот секретар за универзитети, Дејвид Џонс, министер за Велс и Ендрју Ронатан, министерот за Северна Ирска. Исфрлен од владата на Камерон е и Грег Бејкер, државниот секретар за климатски промени. Лабуристите во вторникот ја критикуваа реконструкцијата на Камерон нарекувајќи ја „масакр на умерените“, и оценија дека промените ја одразуваат слабоста на премиерот и неуспехот да ја реформира својата партија. „Во очајничкиот обид да ја добие поддршката во сопствената партија, тој ја реконструира владата исфрлајќи ги центристите и придвижувајќи го десното крило“, а „колежот на умерените покажува во која мера Дејвид Камерон е слаб“, изјави портпаролот на лабуристите Мајкл Дагер./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

dobivaj vesti na viber

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.

Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал

Објавено пред

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.

dobivaj vesti na viber

Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.

Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Објавено пред

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.

dobivaj vesti na viber

„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.

Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.

Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.

Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија3 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија4 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија6 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија6 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија6 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија7 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија8 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија8 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија8 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија8 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет12 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет12 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет13 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет13 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа13 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет13 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет19 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет19 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет20 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...