Европа
Капетанот на 4U9525 до последната секунда со секира се обидувал да влезе во кабината

Капетанот на авионот на германската авиокомпанија „Germanwings“ кој во вторникот се урна во француските Алпи до последните мигови од својот живот се обидувал да се пробие во блокираната пилотска кабина, пишува магазинот Bild повикувајќи се извор запознаен со текот на истрагата.
Според иследниците, капетанот на летот 4U9525, излегол од пилотската кабина на неколку минути во тоалет. Кога се вратил не можел да ја отвори вратата од кокпитот, бидејќи таа била блокирана.
Капетанот упорно го молел својот колега, вториот пилот Андреас Лубитц да му ја отвори вратата од кабината. „Додека копилотот маневрирал со авионот кон земјата од непознати причини, капетанот на екипажот земал секира за да ја искрши вратата и да ја спречи трагедијата“, се вели во извештајот на Bild кој се повикува на извор во истражните органи запознаен со истрагата. Според раководството на нискотарифната компанија „Germanwings“, авионот понирал цели осум минути пред да се удри во земјата.
Авионот „Airbus A320“ на компанијата ќерка на германска „Lufthansa“, на летот од Барселона за Диселдорф, во вторникот претпладнето се урна во тешкопристапните области на француските Алпи, во југоисточна Франција. Во несреќата загинаа сите 150 патници и членови на екипажот.
Обвинител на Марсеј, Бри Робен, претходно во четвртокот изјави дека дејствијата што ги преземал копилотот укажуваат дека тој имал намера да го урне авионот. Според Робен, во првите 20 минути од летот двајцата пилоти воделе нормален разговор. Кога капетанот на летот излегол од кабината, веројатно во тоалет, копилотот го блокирал вратата и самоволно почнал да ја намалува височината на авионот. Капетанот безуспешно се обидувал да се врати во кокпитот, додаде обвинителот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин