Европа
Каталонија се подготвува за референдумот и покрај судската забрана
Каталонската влада објави во вторникот дека неофицијалното изјаснување за независноста на оваа шпанска покраина ќе се одржи во недела по секоја цена, и покрај жестокото противење и заканите од централната влада во Мадрид и забраната изречена од Уставниот суд, пренесуваат шпанските медиуми.
Каталонската влада објави во вторникот дека неофицијалното изјаснување за независноста на оваа шпанска покраина ќе се одржи во недела по секоја цена, и покрај жестокото противење и заканите од централната влада во Мадрид и забраната изречена од Уставниот суд, пренесуваат шпанските медиуми.
Шпанскиот уставен суд во вторникот го суспендираше неофицијалното изјаснување на Каталонците за независност на најбогатата шпанска покраина, откако во септември го забрани референдумот за истото прашање.
„Сé е подготвено за гласањето на 9-ти ноември и каталонската влада ќе ги продолжи подготовките за тој процес кој е еден од начините да се гарантира слободата на изразувањето на граѓаните на Каталонија“, изјавил портпаролот на владата Франсеск Хомс,
Каталонската влада планираше кон крајот на септември на истиот датум да го одржи референдумот за независноста кој би дал во прв ред морална тежина на каталонското тежнеење за истапување од Шпанија и покраината по тоа би можела да го започне долготрајниот процес.
„Судот (…) ги суспендираше постапките на каталонската влада во врска со изјаснувањето на граѓаните на 9-ти ноември“, соопшти во вторникот Уставниот суд на Шпанија. Мадрид тврди дека за референдумот за независност нема потпора во уставот од 1978 година кој го заштитува единството на Шпанија.
Можно е во недела десетици илјади луѓе да излезат на улиците во Каталонија и да протестираат против забраната, и да се обидат да организираат гласање на кој и да е начин. Невладините организации и некои градски совети најавија дека ќе организираат „неофицијално“ изјаснување и покрај забраната.Во 2009 и 2010 година во Каталонија се одржа серија неформални референдуми во малите општини, за кои не се водеше кампања. Во едната серија, што се одржа на 12-ти и 13-ти декември 2009 година, учествуваа 27 отсто од вкупниот број гласачи, а од нив 94,9 отсто гласаа за независност на Каталонија.
Уште кон крајот на март годинава Уставниот суд на Шпанија делумно ја поништи декларацијата за сувереноста на Каталонија којашто ја изгласа тамошниот парламент во јануари 2013 година. Судот донесе одлука според којашто референдумот за отцепување не е во согласност со законот, како и дека регионот во составот на Шпанија не можат еднострано да распишуваат плебисцит за самоопределување.
Каталонскиот парламент на 23-ти јануари 2013 година со мнозинство гласови ја усвои декларацијата за статусот на Каталонија како „суверен правен и политички ентитет”, што го отвори патот во 2014 година да биде спроведен референдум за иднината на покраината. Сепак, за законитоста на таквиот референдумот е уште едно големо прашање, откако ланскиот мај Уставниот суд на Шпанија го прифати барањето на централната влада на Шпанија да го суспендира дејствието на каталонската декларација.
Причина за остриот раст на сепаратистичките тенденции во Каталонија се проблемите во економијата, со оглед на финансиската и економската криза во Шпанија. Застапниците на отцепувањето на Каталонија од Шпанија веруваат дека економски развиениот регион, чијашто економија е поголема од, на пример, на Португалија, кој има удел од 20 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на кралството, го издржува остатокот од Шпанија. Каталонците сметаат дека тие и повеќе уплаќаат во заедничката каса отколку што им се враќа и дека добиваат во форма на грантови и исплати помал износ од 16 милијарди евра годишно, што е еднакво на 8 отсто од регионалниот БДП.
Меѓу населението на Каталонија владее уверување дека не треба да се толерира таквата неправда и дека е време да престанат да плаќаат за грешките на економските политики Мадрид.
Централната власт на Маријано Рахој остро ја осудува идејата за независност на Каталонија и во неколку наврати самиот премиер изјави дека ќе направи сѐ што е можно за да се спречи отцепувањето. Во моментов, според членот 92 од Уставот на Шпанија, ваквите одлуки ги носи централната власт и Конгресот на пратениците, а ги одобрува кралот. Мадрид, исто така, може да го примени правото на укинувањето на автономното управување на регионалните влади, а во согласност со членот 8,1 од Уставот да ја искористи армијата за заштита на унитарноста на земјата.
Покрај тоа, на сепаратизмот се спротиставуваат и делови од каталонската бизнис заедница коишто стравуваат од губењето на важниот за нив шпански пазар и неподготвеноста на Европската унија за прием на нова членка.
Според водечките политичари во Каталонија ќе биде најсоодветно да го има статусот како членка на Европската унија. Каталонија, на тој начин, се обидува да се здобие со статусот на европска нација со истите овластувања како што се предвидени за, на пример, Данска, Словенија, Финска, Естонија, Литванија и Латвија.
Во моментов Каталонија е најзадолжената од 17-те шпански автономни региони. Но Каталонија е првиот економски извозник во Шпанија со 28 отсто од шпанскиот извоз, „доколку Каталонија е држава, би биле меѓу првите 50 земји извозници на светот”, истакна во своите минатогодишни истапувања каталонскиот премиер Мас.
Заканите со отцепување на севеористочната шпанска покраина со 7,5 милионско население, претставува голем предизвик и проблем за шпанскиот премиер Маријано Рахој кој се бори со големите економски проблеми.
Како и другата шпанска покраина со сепаратистички тенденции Баскија, и населението на Каталонија има засебен јазик и култура од остатокот од Шпанија. Меѓутоа јакнењето на рецесијата во Шпанија, и невработеноста од 25 отсто и драстичните мерки за штедење, во Каталонија ги засили тенденциите за самостојност.
Како и Шкотска во Велика Британија, Фландрија во Белгија или Паданија во Италија, и Каталонија верува дека подобро ќе живее како самостојна држава којашто не мора да ги финансира посиромашните региони.
Меѓутоа и Каталонија премногу трошеше во децении од градежниот бум кој траеше до 2007 година кога градежниот балон се издува, и повеќе не може да се задолжува на пазарите, бидејќи нејзиниот кредитен рејтинг беше оценет како „ѓубре”. Поради тоа Каталонија мораше да побара пет милијарди евра од Шпанија за да ги плати доспеаните долгови.
Каталонците за проблемите ја обвинуваат владата во Мадрид, а не своите лидери. Според анкетите спроведени во 2012 и минатата 2013 година, меѓу 46 и 57 отсто од избирачите сакаат независност и се очекува дека Мадрид ќе мора да ја почитува нивната одлука за самоопределување. Меѓутоа, Мадрид предупредува дека каталонскиот пат до независност не води никаде и дека во тој случај Барселона би морала да аплицира за прием во Европската унија. Економистите тврдат дека брзото одвојување од Шпанија ќе придонесе за голема економска штета./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

