Европа
Киев: Руски војници влегоа во украински град
Украинската армија објави во средата дека наводно уште руски војници ја преминале границата кон источна Украина и влегле во гратчето Амвросивк во пет оклопни транспортери и еден камион.
Украинската армија објави во средата дека наводно уште руски војници ја преминале границата кон источна Украина и влегле во гратчето Амвросивк во пет оклопни транспортери и еден камион.
Извештајот за натамошни наводни упади на руски војници преку руско-украинската граница следат откако украинскиот сили лојални на владата во Киев заробија десетина руски војници, за кои Москва тврди дека по грешка при патролирање во пограничната зона заталкале на украинска територија каде немало јасно обележување на границата. Киев, пак, тврди дека тие биле „во специјална мисија“ во врска со прорускиот бунт во источна Украина.
„Пет оклопни транспортери и еден камион ’камаз’ влегоа во Амвросивка со екипажи во нив. Ако Доколку оваа тактичка група се загубила и случајно влегла во Украина, како падобранци на 98-та падобранска дивизија, тогаш ни преостанува само да ги потсетиме дека можат да се вратат во Русија бидејќи на исток“, изјави во средата портпаролот на воената операција во источните региони, Андриј Лисенко.
Истовремено началникот на истражниот оддел на Службата за безбедност на Украина, Василиј Вовк, изјави дека е отворено кривично дело против руските војници уапсени во понеделникот. Според него тие се обвинети за „учество во терористичка организација, содејство во активности на терористичка организација“ и за „незаконско поседување оружје, муниција и експлозивни средства“, како и дека се разгледува покренување обвинение против нивниот командир за илегално пренесување лица преку државната граница.
Во меѓувреме продолжени се борбите во близина на Донецк, за градовите Горловка и Иловајск. Притоа според Лисенко во последните 24 часа биле „убиени 200 бунтовници и уништени, нивните тенкови и ракетни системи се уништени“. Лисенко додаде дека во за истиот период загинале 13 украински војници во 34 судири во источна и југоисточна Украина.
Проруските бунтовници, пак, објавија дека во последните два дена од нивна страна биле заземени вкупно осум града, како и дека од предградие на Иловајск се протерани украинските сили. И донецките бунтовници соопштуваат дека им нанеле големи загуби на противниците во луѓе и во техника.
Украинската армија вели дека бунтовниците со поддршка на руските војници кои со оклопно вооружување и воена опрема коишто доаѓаат од преку границата го поместиле жариштето на боиштето кој југоисток на Украина сé до Азовското Море. Доколку бунтовниците во овие региони забележат успех, тоа ќе го загрози градот Мариупол кој иако со мнозинско рускојазично население од март под контрола го држи Националната гарда на Украина, така што од јужната страна на фронтот ќе бидат засилени позициите на бунтовниците од самопрогласената Донецка Народна Република./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.