Европа
Киев тврди дека армијата заземала град кај Донецк и влегла во Луганск, бунтовнциите негираат
Украинскиот претседател Петро Порошенко во неделата изјави дека украинската армија го има под контрола градот Јасиноватаја во Донецката област, а украинската војска соопшти дека е заземена зградата на полициска станица во Луганск, од каде бунтовниците објавија дека собориле уште два авиона на украинската армија.
Украински функционери за западните медиуми изјавија дека го истакнале националното знаме на полициска станица во Луганск, и дека проруските бунтовници очајнички се труделе да го задржат, а забележливо било наводно зголеменото доставување на опрема и луѓе од Русија, пренесува Reuters. Од бунтовничките редови е соопштено дека се водат борби во предградијата на овој град кој е повеќе од четири месеци под напади на украинската армија и под контрола на проруските бунтовници. Неможни се проверки на ваквите информации од независни извори, бидејќи пристапот за новинарските екипи е забранет и невозможен во областите каде се водат борбени дејствија . Агенцијата Итар-Тасс, пак, повикувајќи се на изјава на бунтовничкиот штаб во градот Краснодон, пренесува дека биле соборени два авиона „Сухој Су-25“ на украинската армија.„Трае потрагата по пилотите. Тие се катапултирале. Наскоро на интернет ќе поставиме видео запис од останките на соборените авиони“, изјавиле бунтовниците за агенцијата. Градот Краснодон, инаку, засега не е подложен на жестоките напади на украинската армија.Претходно во неделата портпаролот на штабот на украинската армија кој ја спроведува воената операција во источниот дел од земјата потврди за украинската телевизија Петти канал дека изминатата ноќ бил соборен Авион „МиГ-29“ во Луганската област, а пилотот кој се катапултирал бил спасен.Подоцна во неделата украинскиот претседател Петро Порошенко на својот профил нa Facebook дека „95-та бригада на Вооружените сили на Украина го зема под контрола регионалниот центар Јасиноватаја во Донецката област, кој има стратешко значење“. Според него, припадниците на Националната гарда ги привршуваат апсењата и елиминирањата, а во градот веќе е подигнато украинското знаме.Истовремено проруските бунтовници во својот дневен извештај до медиумите објавија дека нападот врз градот Јасиноватија бил одбиен. „Од втората половина на саботата непријателските сили преку тактичка група со поддршка на артилеријата од правец на Авдеевка направија силен обид да го заземат градот Јасоноватија. Сите напади на непријателот се успешно одбиени“, изјавиле од бунтовниците пренесува РИА Новости.Во дневниот извештај на проруските бунтовници се наведуваа долг список на наводни успеси во кои се набројуваат локациите на кои биле водени борбите во изминатото деноноќие со прецизирање на загубите во воена опрема, меѓу кои десетици оклопни возила, тенкови и ракетни лансери, а според нивните податоци украинската армија загубила повеќе од педесет свои припадници. За своите загуби бунтовниците не известуваат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.