Европа
Киев тврди дека руски ракетен систем и офицери ги гаѓаат украинските сили
Украинскиот претседател Петро Порошенко ги обвини во понеделникот руските воени офицери дека се борат заедно со проруските бунтовници во источниот дел од земјата и дека користат новоразвиен ракетен систем против владините во Украина, а во меѓувреме е потврдено дека е урнат транспортен авион на украинската армија.
Порошенко имал излагање на претходно најавениот вонреден состанок со челниците на безбедносните служби откако изминатиот викенд го одбележаа жестоките бомбардирања на бунтовничките позиции во близина на границата со Русија, гранатирањето на станбена населба во рускиот град Донецк во Ростовската област во кој загина еден маж а беа ранети две жени, како и обвинувањето на Москва дека украински борбени авиони го нарушиле рускиот воздушен простор од каде што гаѓале позиции на бунтовниците на украинска територија. „Изминатите три дена е користен нов руски ракетен систем против вооружените сили на Украина. Информацијата (…) е потврдена дека руски офицери учествуваат во воените операции против украинските сили“, изјавил Порошенко и додал во своето обвинување на сметка на Москва дека од Русија на украинската територија влегува тешка воена опрема.Украинските сили сега се изложени на нападите со нови руски ракетен систем и ќе мора да биде променета тактиката на границата за да се зајакне безбедноста и да се заштити тамошното цивилно население, рекол Порошенко без да наведе поединости.Претходно во понеделникот портпаролот на украинската војска изјави дека Русија трупа сили на границата со Украина и дека бунтовниците со поддршка на „руските платеници“ отвораат оган врз украинските граничари „во обидот да внесат оклопни возила во земјата“. „Во последните 24 часа забележано е разместување на руските единици и овена опрема преку границата во Суми и Луганск. Руската Федерација продолжува да трупа војници на границата“, изјавил за новинарите портпаролот Андриј Лисенко.Портпаролот на украинската војска којашто ја спроведува тримесечната „антитерористичка“ операција во источните региони на земјата за да ја поврат контролата над територијата од проруските бунтовници, за AFP потврдил дека украинската команда загубила контакт со товарниот воен авион „Ан-26“ кој го надлетувал Луганск, каде што, како што соопшти претходно во понеделникот претседателот Порошенко украинските сили успеале да го пробијат обрачот на бунтовниците околу тамошниот аеродром. „Контактот со авионот е загубен во 12.30 часот по локално време, и операцијата на потрага е во тек“, рекол портпаролот Владислав Селезнев. Претходно службата за односи со јавноста на самопрогласената Народна република Луганск објави дека соборила уште еден украински воен авион кај селото Изварино, чиј пилот се катапултирал пред ударот во земја. Засега не е познато колку членови на екипажот имало во авионот кој може превезува до 40 лица. На 14-ти јуни во близина на воздухопловната база крај Луганск, проруските бунтовници соборија украински транспортен воен авион при што загинаа 49 војници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.