Европа
Лавров: Не верувавме дека турското раководство знае за пратките оружје за IS
Русија подолг период знаеше дека турската територија се користи во полза на Исламската држава (IS) за нејзините активности не само во Сирија туку и на Северен Кавказ, но не ја обвинувавме и едноставно не сакавме да веруваме дека турското раководство знае или е вмешано во нив, рече рускиот министер Сергеј Лавров во интервјуто кое во средата го објавија италијанските медиуми, во коешто се осврна и на, како што и оцени, контрадикторните изјави на Анкара во врска со уривањето на рускиот авион на сириско-турската граница и навлегувањето на нејзините војски во соседен Ирак.
„Гледавме на Турција и на Турците, како и што повеќепати кажа рускиот претседател, не само како на партнери, соседи, туку и како на сојузници во борбата против тероризмот“, потсети Лавров.„Да бидеме искрени, се разбира, знаевме дека подолг период турската територија се користи за комерцијални операции во полза на Исламската држава и за трансфер на оружје и терористи во Сирија, овозможување да им се обезбеди лекување на екстремистите и милитантите, да закрепнат и да се подготвуваат за борбени операции, и тоа не само во Сирија, вклучително и на руски Северен Кавказ“, истакна рускиот министер за надворешни работи.„За тоа разговаравме со нашите турски колеги без многу врева, и за ништо не ги обвинуваме, предлагавме активна соработка во врска со таквото користење на турската територија, било за идентификување или пресекување на тие активности. Ниту еднаш, со ниту еден збор не се обидовме јавно да го соопштиме нашето несогласување со тие процеси, кои се случуваат во Турција“, додаде Лавров.„Немавме причина да веруваме дека таа линија е поддржувана од раководството на Турција. Навистина не сакавме да веруваме во тоа и се обидувавме по специјални канали да го решиме тој проблем. Но тоа не се случи“, појаснува шефот на руската дипломатија.Во разговорот за повеќе италијански медиуми, Лавров се задржа и на инцидентот од 24-ти ноември, коа турските ловци соборија руски бомбардер близу сириско-турската граница по што Москва ја обвини Анкара дека го поддржува тероризмот, и оцени дека Турција зборува за легалниот чин во врска со соборувањето на рускиот авион кој наводно го нарушил нејзиниот воздушен простор , а истовремено го нарушува со војски територијалниот интегритет на соседен Ирак.„Сега Турција е изложена на критики поради влегувањето на нејзините борбени единици во Ирак, повикувајќи се на наводен договор за вежбање на ирачките Курди, што Багдад го демантираше“, вели Лаворов и истакнува дека „тие оклопни сили навлегоа не во курдски области, туку во региони каде што никаква обука и со никого Турците не вршеле“.„Но гледајте што велат турските власт, тие самите зборуваат за целосна легитимност на нивниот чин со уривањето на рускиот авион. Зборуваат дека го почитуваат територијалниот суверенитет и интегритет… Внимавајте, тоа се истите луѓе кои велат дека 17 секунди, според нивните пресметки, дури и да се земат за основа, биле доволни да се урне рускиот авион“, истакна Лавров.„Се разбира дека тоа е удар одзади, без сомнежи“, нагласува Лавров во врска со турското уривање на рускиот авион.Лавров во интервјуто потврдува дека на 3-ти октомври, и само тогаш, неколку дена откако започнаа руските воздушни операции во Сирија, руски авион го нарушил турскиот воздушен простор на неколку секунди. И притоа потсетува дека турската дипломатија вложила протест, а рускиот претседател Владимир Путин лично разговарал со турскиот колеа Реџеп Тајип Ердоан при што од Москва следуваше јавно извинување. Како што вели Лавров, Турците знаеле дека тоа „незначително“ нарушување на нивниот воздушен простор не претставува никаква непријателска закана за нив.„Самата Турција, кога Сиријците пред три години го соборија нејзиниот борбен авион, преку Ердоган изјави дека не може да се смета нарушување на воздушниот простор од неколку секунди за кршење на меѓународното право. Тоа не бил, рекоа, повод за примена на оружје“, заклучи Лавров./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.