Европа
Камерон верува дека ќе се најде решение во преговорите со ЕУ
Британскиот премиер Дејвид Камерон верува дека ќе се изнајде решение за секое прашање за условите за членството на Велика Британија во Европската унија.
До крајот на 2017 година треба да се одржи референдум за останување или излегување на Обединетото Кралство од Европската унија, вети пред две годни британскиот премиер Дејвид Камерон кој бара нов договор со 28-члената заедница пред плебисцитот.„На самитот следната седмица ќе имаме независни расправи за сите реформи кои ги предлагав и верувам дека ќе се изнајде решени за секое прашање“, изјави за новинарите Камерон во Букурешт во средата вечерта по разговорите со романскиот претседател Клаус Иоханис.„Европската унија веќе покажа чувствителност да одговори на загриженоста на своите држави членки. А сега е потребно тоа повторно да го стори, почнувајќи во декември и во натамошните дискусии во февруари“, рече Камерон.Истакна дека сака Британија да остане во реформираната ЕУ, и додаде дека затоа бара да се направат реформи, за тие да одговорат на стравувањето на Британците во врска со статус-квото. Претходно веќе имаше изјавено дека не очекува постигнување договор на состанокот на Европскиот совет најавен за 17-ти и 18-ти декември, но сака вниманието да биде насочено на промените кои тој ги бара.Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека „дебатите следната седмица би требало да го подготват патот до договорот во февруари“.Едно од најспорните прашања е британското барања за намалување на социјалната помош за имигрантите. Камерон изјави во Букурешт дека реформите во секторот на социјалната грижа ги препознаа како едно од најтешките подрачја во преговорите. Британскиот премиер, исто така, реле дека во моментов бројот на имигранти во Британија не е оджрлив, што е една од темите на дискусиите за останувањето во ЕУ. „Го поддржувам принципот на слободно движење поради работа. Но никогаш не беше предвидено дека слободното движење ќе покрене толку огромен број луѓе преку нашиот континент“, рече Камерон./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.