Контакт

Европа

Лавров: Санкциите нема да и’ наштетат на Русија и може да ја направат независна

Објавено пред

Западните санкции против Русија одредени за руски функционери и компании, ќе ја промашат својата цел и единствено можат да ја направат Русија економски независна, така што Москва на нив нема хистерично да одговара со иста мерка, изјави по понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров залагајќи се за независна истрага за уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина и распоредување на набљудувачи на ОБСЕ а не ја исклучи ниту жалбата за пресудата во случајот „Јукос“.

dobivaj vesti na viber

На долгата прес-конференција во Москва на којашто шефот на руската дипломатија одговараше на прашања на бројни домашни странски новинари, Сергеј Лавров рече дека „Санкциите ретко кога ги постигнуваат поставените цели, а во случајот на Русија тие едноставно според нивното дефинирање не можат да ја постигнат намената. Тоа не нé исполнува со радост, како ниту европските земји коишто ги воведуваат тие санкции. Но ве уверувам дека компликациите коишто ќе се појават во низа области на економијата, ќе бидат надминати. Можеби, ќе станеме понезависни и посигурни во своите сили, а тоа е исто така корисно“, изјави Лавров.

Москва нема со „хистерични дејствија“ да возврати на санкциите наметнати од САД и Европската унија со методата „мило за драго“, додаде министерот за надворешни работи ан Руската Федерација. „Нема да се раководиме од принципот ’око за око….’. Сакаме да дејствуваме со студена глава и претседателот (Владимир Путин) веќе рече дека секако т (санкциите) не можеме да ги игнорираме. Но да западнеме во хистерија и да возвратиме со иста мерка, би претставувало удар кој е под секое ниво за голема земја“, порача Лавров.

Лавров натаму на прес-конференцијата изрази надеж дека истрагата за уривањето на малезискиот патнички авион на 17-ти јули во источна Украина ќе биде објективна и притоа од сите страни побара почитување на принципот на пресумпција на невиноста додека не се докаже вината. „Повикуваме на чесно отворено учество на сите оние коишто имаат пристап до информации за падот на авионот. Сето друго ќе го сметаме за срамни обиди да се влијае врз истрагата со искривување на принципот за невиност додека не се докаже вината“, рече Лавров.

Притоа шефот на руската дипломатија рече дека Москва не фаќа зошто САД не ги достават доколку ги поседуваат наводните „непобитни докази“ за нивната верзија за падот на малезискиот авион во источна Украина. „Ние не разбираме зошто Американците, кои зборуваат дека поседуваат непобитни докази, тие докази не ги достават“, рече Лавров и додаде дека САД во случајов „зад затворени врати говорат помалку, отколку во јавноста“.

Меѓутоа, Лавров истовремено предупреди дека меѓународните експерти не можат да ја спроведат истрагата додека на местото на трагедијата се наоѓаат украинските тенкови. Изрази надеж дека набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе можат да бидат распоредени по должината на руско-украинската граница. Притоа шефот на руската дипломатија изјави дека Москва ќе го искористи своето влијание врз проруските бунтовници да може да се сопрат борбите, но и Западот треба да го стори истото со Киев.

Во однос на падот на малезискиот „Boeing 777“, Лавров им посочи на новинарите дека треба бидат, исто така, дадени на увид на јавноста и снимките од разговорите на украинските контролори на летањето со политите на авионот.

„Записите од разговорите меѓу украинските контролори со екипажот (на малезискиот авион) и со другите летови кои биле направени во тоа време во истата област. Тоа е можно, најверојатно, да бидат доставени? Според некои сведоштва, на тие контролори им е целосно забрането да комуницираат со кого и да е. Нив треба да ги подготват за средба со меѓународните експерти, според правилата да ја претстават својата верзија. Сетот тоа отвора нови прашања“, истакна Лавров.

Дипломатот во врска со судирот во Украина, истакна дека планираното доставување оружје во земјата, од која и да е страна, би претставувало „долевање масло на огнот“ и го критикуваше толерирањето на Западот на употребата од страна на украинската армија на тешко вооружување и артилерија против цивилни цели во источните делови од земјата населени со доминантно рускојазично население.

На прес-конференцијата Лавров не ја исклучи жалбата на одлуката на Арбитражниот суд во Хаг кој одлучи дека Русија мора да им плати 50 милијарди долари, што е двојно помалку отколку што бараа поранешните акционери на поранешниот нафтен гигант „Јукос“ кој поради огромните долгови за неплатени давачки кон државата беше експроприран. „Ќе почекаме пресудата да стане јавна пред да ја коментираме. Правните постапки во овој случај не се завршени, а тоа вклучува и право на жалба. Руската страна, агенциите кои ја претставуваат Русија во овој процес, несомнено ќе посегнат по сите правни средства во одбрана на своите ставови“, смета Лавров.

Во 2003 година, руските власти го обвинија раководството на приватизираниот во времето на претседателот Борис Елцин од негови блиски луѓе „Јукос“, најголемата нафтена компанија во Русија, за финансиски прекршоци. Неколку од извршните директори на компанијата, како и првиот човек Михаил Ходарковски, беа осудени на повеќе годишни затворски казни. Потоа „Јусос“ беше предаден во стечај а неговите средства беа вклучени во активата на државната компанија „Роснефт“. Акционерите на поранешниот концерн поднесоа тужбено барање пред Арбитражниот суд во Хаг барајќи надоместок од 103 милијарди американски долари. /крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Кремљ за евентуалното блокирање на Телеграм: „Се повеќе станува алатка во рацете на терористите“

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во моментов не се планира блокирање на социјалната мрежа Телеграм во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Не, во моментов нема такви планови“, изјави Песков за каналот Шот на прашањето дали Русија планира да го блокира Телеграма.

Тој додаде дека основачот на таа платформа Павел Дуров треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.

„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација, се повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува РИА Новости.

Како што изјави во средата за РИА Новости, извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на Телеграм, Глас Хорасан, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.

Пратеникот на Државната дума од Обединета Русија Олег Морозов денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на Телеграм кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе...

Европа

Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече своите војници

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.

dobivaj vesti na viber

Шолц за „Маркише Агемајне Цајтунг“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.

„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи тој.

Како што тврди, токму тогаш на виделина излегле „масакрите“ во Буча и Ирпин, злосторства против човековите права извршени од страна на руските вооружени сили врз цивилното население, со што разговорите се лишени од секаква основа, пренесува медиумот.

„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.

Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје и за размена на затвореници.

„Голем број земји, вклучително и Украина, во моментов разговараат на ниво на советници за безбедност за тоа што би можело да изгледа како нешто што може да доведе до мировен процес, но дозволете ми да бидам многу јасен: мирот е можен во секое време. Путин само треба да стави крај на неговата „варварска“ кампања и да ги повлече трупите“, истакна Шолц.

Прикажи повеќе...

Европа

В недела голем тест за Ердоган: ќе успее ли „султанот на Турција“ повторно да ја освои власта во Истанбул и Анкара

Објавено пред

Во недела во Турција ќе се одржат општински избори, а во оваа прилика партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган (АКП) ќе се обиде да ја врати контролата врз Истанбул и Анкара, градови кои гласаа против АКП во 2019 година.

dobivaj vesti na viber

Аналитичарите тврдат дека овие избори ќе бидат мерка за поддршка на Ердоган на национално ниво, но и за силата на опозицијата, особено на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Според Ројтерс, се очекува тесна трка за градот Босфор, кој е дом на повеќе од 16 милиони луѓе и придонесува повеќе од една четвртина од националниот БДП.

На последното локално гласање во 2019 година, главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го изненади Ердоган кога преовлада во Истанбул и Анкара, ставајќи крај на повеќе од две децении владеење на АКП и нејзините исламистички претходници.

Главниот противник на актуелниот градоначалник на Истанбул, пратеникот на ЦХП, Имамоглу е членот на АКП, Мурат Курум, поранешен министер во кабинетот, додека анкетите покажуваат мала предност за Имамоглу. Анкетите велат дека актуелниот градоначалник на Анкара, Мансур Јавас, е далеку пред противникот на АКП, Тургут Алтинок, поранешен претседател на општина во тој град.

Речиси 11 милиони луѓе имаат право на глас во Истанбул, според Врховниот изборен совет. Излезноста на општите и локалните избори е многу висока во Турција, близу 90 проценти. Минатиот мај, Ердоган беше реизбран за претседател и неговата алијанса освои мнозинство во парламентот на тесни општи избори, резултат што, според Ројтерс, ја поделил и деморализирал алијансата ЦХП и другите опозициски партии.

Буџетот на Истанбул е многу поголем од сите други 80 градови во земјата со 516 милијарди лири (16,05 милијарди долари) во 2024 година вклучувајќи ги и нејзините подружници, додека буџетот за главниот град Анкара, од друга страна, е 92 милијарди лири.

Освен во Истанбул и Анкара, резултатите се очекува да бидат блиски и во градовите Бурса, Адана и Анталија. Во недела, Турција ќе гласа и во другите 79 провинции во земјата, за лидери и окружни шефови на провинции, окружни совети и локални администратори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет3 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија3 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет4 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет4 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија18 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија20 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија21 час

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија22 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија22 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...