Европа
Лубиц не е прв пилот осомничен за намерно уривање на авион
Андреас Либиц, копилотот на германската авиокомпанија Germanwings на летот 4U9525 кој се урна во вторникот во француските Алпи не е прв пилот за кој се претпостава дека намерно урнал авион, пишува во средата агенцијата dpa, наведувајќи неколку примери.
Францускиот обвинител објави во четвртокот дека по се изгледа копилотот Андреа Либиц намерно го урнал авионот. Според него, најлогичен заклучок е дека тој намерно одбил да му ја отори вратата од пилотската кабина на капетанот и дека намерно го урнал авионот. Нема инфорации дека Лубиц бил теорист.
Ситуации во кои пилоти намерно уривале авиони за да сторат самоубиство многу се ретки или е тешко да се докажат, пишува dpa.
Самоубиство, е на пример, една од теориите која се споменува во мистеријата на исчезнатиот авион на Malaysian Airlines MH370.
Во ноември минатата година во Намибија се урна авион на Mozambique Airlines, со 33 патници, а истражните органи заклучија дека намерно го урнал пилотот.
Американските надлежни органи веруваат дека во 1999 година копилотот намерно со себе одведе во смрт 217 патници на летото 990 на Egypt Air. Се претпоставува дека намерно го урнал авионот во Атлантскиот океан по полетувањето од Њујорк. Египетските власти остро го негираа ова тврдење со објасување дека несреќата е последица на механички дефект.
Две години подоцна во Инонезија се урна авион на компанијата Silk Air на линијата Џакарта-сингапур. Американските истражни органи за овој случај изразија сомневање дека несреќата намерно ја предизвикал пилотот. Тогаш загинаа 104 лица, а во извештајот на американските власти беше наведено дека пилотот имал финансиски пролеми. Теоријата за самоубиството остро ја демантираа индонезиските власти.
Во 1994 година пилотот на компанијата Royal Maroc, кој наводно имал љубовни проблеми, го урнал авионот со кој управувал непосредно по полетувањето од Агадир. Во оваа несреќа загинаа сите 44 патници. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.