Европа
Македонски државјанин осомничен дека регрутирал џихадисти во Италија
Македонски државјанин, осомничен дека во Италија регрутирал кандидати за џихад, уапсен е во петокот во Местре, во близина на Венеција, во операција на специјалните сили на карабинерите ROS.
Мажот, чиешто име агенцијата Ansa не го објавува, бил задолжен од босански имам да регрутира идни борци за екстремната сунитска група Исламска држава на Блискиот исток.
На македонскиот државјанин му е одреден притвор а надзорот на ROS овозможил „проверка на фактите дека македонскиот државјанин бил задолжен за селекција и регрутирање на италијанската територија на лица кои би сакале да станат муџахедини, кои потоа требало да му бидат доверени на босанскиот имам кој се грижел за нивното радикализирање, вклучување во терористичка организација и испраќање во зоните на конфликтот“ на Блискиот исток.
Агенцијата потсетува дека во рамките на истата таа истрага за спречување исламистичка радикализација во Италија последните неколку месеци биле протерани други двајца македонски државјани, коишто се именувани како Арслан Османоски и Реџеп Лијмани.
Според сознанијата на агенцијата, истрагата покажала дека од Италија во Сирија најверојатно преку оваа врска заминале неколку странски борци, двајца македонски и еден босански државјанин, од кои двајца загинале на боиштето во периодот меѓу 2013 и 2014 година, додека третиот наводно сé уште се наоѓа во зоната на борбите на Блискиот исток.
Османоски живеел во Парденоне, и во неговата куќа биле пронајдени џихадистички пропагандни материјали, и е обвинет дека имал улога во синџирот за регрутирање радикални лица. Лијмани, кој живеел во местото Сан Зеноне дели Езеилни, во близина на Тревизо, пак, бил обвинет дека исто така контактирал со лица со екстремистички ставови од балканско потекло вршејќи вехабистичка пропаганда./крај/мф/сн
Извор: Ansa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

