Европа
Медиуми: Украинскиот премиер во 1990-те извршил воени злосторства во Чеченија
Руската истрага утврдила дека актуелниот прозападен премиер на Украина, Арсениј Јаценјук, во средината на 1990-те се борел против руските сили како дел од казнена експедиција во Чеченија, изјави во вторникот челникот на Истражната комисија на Русија, Александар Бастрикин.
Во интервјуто за Рускаја газета, Бастрикин вели дека голем број од сегашните украински функционери се обвинети за учество во злосторства извршени врз припадниците на руските воени и полициски сили во операциите проти терористичките групи на територијата ја кавкаската мнозински муслиманска република Чеченија во периодот 1994/1995 година.
„Истрагата, исто така, утврди дека во споменатите години како дел од казнените одреди ‘Арго’ и ‘Викинг’, раководени Александр Музичко (водач на украинските ултранационалистички групи кој беше ликвидиран во Украина во судир со полицијата откако власта во 2013-та ја преземаа прозападните сили) против руските војници, учествувал Арсениј Јаценјук“, тврди Бастрикин.
Според истрагата, Јаценјук учествувал во најмалку два судира кои се случиле во чеченската престолнина Грозни, на 31-ви декември 1994-та, на плоштад во градот и во февруари 1995 година во напад врз болница. Јаценјук, исто така, според истрагата, учествувал во измачувања и егзекуции на заробените руски војници во Октомвриската област на Грозни на 7-ми јануари 1995 година.
„Според нашите информации, Јаценјук заедно со другите припадници на УНА-УНСО (Украинско национално собрание – Украинска национална самоодбрана, профашистички организации кои соработувале со нацистичките власти во текот на Втората светска војна), во декември 1995 година бил награден со највисоката награда од Џохар Дудаев за уништување на руските војници“, вели натаму Бастрикин.
Вели и дека соборците Јанценјук го опишале како образован, паметен, но притоа итар и превртлив, и оти од рана возраст се стремел кон власт и публицитет. Според Бастрикин, во почетокот на 1995 година Јаценјук со група новинари преку Грузија се вратил во Украина, а потоа честопати бил присутен на настани организирани од украинските националисти.
Бастрикин, меѓутоа, не прецизира во интервјуто дали руските истражни органи ќе поднесат обвинение против Јаценјук во врска со споменатите настани./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.
Европа
Плановите за погребот на кралот Чарлс се сменија по откривањето на ракот: „Тој е навистина, навистина лошо“
Здравствената состојба на кралот Чарлс постепено се влошува, што ги натера претставниците на Бакингемската палата редовно да го ажурираат планот за неговиот погреб, а тие подготовки почнаа еден ден по погребот на кралицата Елизабета, според упатените, пишува Њујорк пост.
75-годишниот монарх остана во голема мера надвор од очите на јавноста од февруари кога објави дека боледува од рак за да ја скрие својата влошена состојба, а повеќе извори за Дејли Бист велат дека неговата состојба е „не добра“.
„Секако дека е решен да го победи ракот и да направи се во таа смисла. Сите остануваат оптимисти, но тој е навистина многу лошо“, изјави за овој медиум извор кој себеси се опишува како стар пријател на кралското семејство.
Кралот Чарлс никогаш не откри каков вид на рак му е дијагностициран, но призна дека тоа не е рак на простата, кој е еден од најлесно излечивите форми на болеста.
Кралското семејство, исто така, беше воздржана за неговиот медицински проблем, но добро поставените инсајдери и политички коментатори јавно зборуваа за тоа како кралот „многу добро реагира“ на лекувањето.
Но, зад сцената, помошниците на кралот Чарлс редовно прегледуваат копии од стотиците страници на документот што ги содржи плановите за погребот на кралот, наречен „Операција Менаи бриџ“.
„Плановите се извадени од фиока и активно се ажурираат. Не повеќе отколку што би очекувале со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак. Но, тие секако се фокусирани на тоа“, изјави за Дејли Бист поранешен соработник.
Исклучително деталниот документ е создаден ден откако кралицата Елизабета беше погребана на 8 септември 2022 година – и го користи погребот на најдолговековната британска кралица како водич за да се осигура дека сè ќе оди без проблеми.
Воените претставници потврдија за Дејли Бист дека операцијата Менаи Бриџ редовно се ажурира, но истакнаа дека тоа е стандардна процедура и би било „апсурдно да се извлечат какви било заклучоци“ од тоа.
Сите членови на кралското семејство ги ажурираа плановите за нивните погреби кои се категоризирани со кодни зборови поврзани со мостови, при што погребниот план на кралицата Елизабета е познат како „Операција Лондон бриџ“.
„Секако дека го разгледуваат секој аспект од „Менаи бриџ“. Погребот на кралицата помина како што се очекуваше и ја подигна границата високо. Тоа не е емотивна работа, тоа е бизнис, многу сериозна, и разбирливо е дека никој не планира да биде фатен неподготвен“, рече висок функционер вклучен во планирањето на кралските погреби.
Друг официјален претставник додаде дека „планирањето за најлошите сценарија е она што го прави Армијата… Мора да го имате на ум обемот на оваа работа. Армиската дивизија, под команда на генерал-мајор Џејмс Баудер – тоа се седум гардиски полкови. Потоа ја имате целата област во Лондон, Територијалните армиски полкови и Кралската артилерија. Тоа е пред да стигнете до морнарицата или воздухопловните сили. Чарлс е тесно поврзан со Падобранскиот полк низ годините, па тие ќе бидат вклучени.
„Тоа е само церемонијален крај“, продолжи тој. „Тогаш ви треба огромна безбедносна операција бидејќи секој многу важен поединец на планетата присуствува на погребот. Зборуваме за сè, од противракетна одбрана до обезбедување од индивидуален напад.
„Целата работа од блесок до експлозија трае помалку од две недели, што значи дека секој аспект треба темелно да се испланира однапред. Сериозното планирање за погребот на Чарлс започна еден ден откако тие ја погребаа кралицата“.
Официјалните лица на кралот Чарлс не одговорија на барањето за коментар од страна на Page Six или Daily Beast.