Европа
Меркел бара поддршка за ‘последниот обид’ за помош на Грција и предупреди на хаос
Германската канцеларка Ангела Меркел заблагодарувајќи му се на министерот за финансии Волганф Шојбле за неговите напори да се постигне консензус со грчките челници по прашањето ја должничката криза на Грција, од пратениците во Бундестагот побра да ѝ дадат на владата поддршка за доделување на Атина на третиот пакет меѓународна финансиска помош, и предупреди дека излегувањето на земјата од еврозоната би значело хаос и насилство во Грција.
Германската канцеларка Ангела Меркел заблагодарувајќи му се на министерот за финансии Волганф Шојбле за неговите напори да се постигне консензус со грчките челници по прашањето ја должничката криза на Грција, од пратениците во Бундестагот побра да ѝ дадат на владата поддршка за доделување на Атина на третиот пакет меѓународна финансиска помош, и предупреди дека излегувањето на земјата од еврозоната би значело хаос и насилство во Грција.
„Го правиме последниот обид во тешките преговори во состав на 19-члената Еврогрупа, и покрај сите удари последните шест месеци и сите скептицизми, создавајќи предуслови за тоа барањето на Грција да биде во согласност со Европскиот механизам за стабилизација, и не по секоја цена, туку врз основа и во рамките на европските договори“, изјави канцеларката Ангела Меркел во Бундестагот.
Говорејќи пред германскиот парламент, Меркел призна дека реформите и мерките за штедење на кои се согласи Грција во замена за финансиската помош ќе бидат тешки за грчкиот народ. „Нема никакви сомневања, договорот од понеделникот е тежок“, изјави канцеларката пред пратениците додавајќи дека ќе биде тежок и за другите 18 членки на еврозоната кои мора да пронајдат 86 милијарди евра за можната тригодишна програма за помош на Атина.
Меркел го критикуваше грчкиот премиер Алексис Ципрас за уништување на економската доверба во својата земја. „Алтернативата на овој договор не би бил привремениот излез од еврото, туку многу предвидливиот хаос. Ќе бевме многу неодговорни и невнимателни ако барем не се обидевме да тргнеме по тој пат“, изјави канцеларката пред долниот дом на германскиот парламент.
Меркел рече дека привременото излегување на Грција од еврозоната, за кое се залага и министерот за финансии Волфганг Шојбле, не би било одржливо. Во секој случај му се заблагодари за ангажманот и долгите преговори кои доведоа до новиот договор за решавањето на грчката должничка криза. „Сакам да му заблагодарам за деновите, часовите и ноќите минати на преговорите на Волфгаг Шојбле“, рече канцеларката добивајќи силен аплауз.
На пробните гласања во четвртокот, конзервативците на Меркел и нејзините коалициски партнери заедно со пратениците од социјалдемократската партија имаа повеќе од доволниот број гласови за поддршка на започнувањето на преговорите со Грција. Се очекува дека гласањето во петок канцеларката ќе добие доволна поддршка, бидејќи и некои помали опозициски партии ќе ги поддржат преговорите.
Според германските медиуми, на симулираното гласање во четвртокот во германскиот парламент, 48 конзервативци гласале против преговорите, а во текот на петчасовната расправа искажани иле многу сомневања во волјата на грчката влада да го спроведе договорените реформи./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фон дер Лајен и Коста пристигнуваат во Киев на годишнината од инвазијата
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот, Антонио Коста, денес треба да пристигнат во Киев, каде што Украина ја одбележува четвртата годишнина од руската инвазија. Се очекува двајцата лидери на ЕУ да присуствуваат на комеморација со неколку европски лидери и да изразат солидарност со Украина.
Тие, исто така, планираат да посетат места оштетени од руските воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура. Сепак, посетата е во сенка на Унгарија и Словачка, кои ги блокираат новите санкции против Русија.
Унгарија, исто така, вчера стави вето на пакетот помош на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина, од кои 60 милијарди евра се наменети специјално за нејзина одбрана од руска агресија. Се смета дека двете земји имаат најблиски односи со Москва меѓу земјите-членки на ЕУ.
На меѓународно ниво, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер организираат видеоконференција на таканаречената Коалиција на волните, во која е вклучена и Германија, за да ја одбележат годишнината. Високи политичари од ЕУ собрани во Киев, исто така, ќе учествуваат на конференцијата.
Европа
(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени
Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек активирал експлозивна направа во близина на патролно возило. Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека нападот се случил на плоштад во близина на железничката станица Савеловски, објавува The Guardian.
Според соопштението на Министерството на Telegram, експлозијата се случила кратко по полноќ. Станицата Савеловски, која се наоѓа во северна Москва, е еден од главните железнички центри во градот.
Во соопштението се вели дека вооружениот човек им се приближил на сообраќајните полицајци кои седеле во нивното патролно возило и ја активирал експлозивната направа. Вооружениот човек, исто така, починал на местото на настанот.
🚨 Explosion near Savyolovsky Station in Moscow — bomber and police officer killed
An unidentified man detonated an explosive device next to a traffic police vehicle with officers inside in Moscow. The incident occurred around midnight near Savyolovsky railway station — the man… pic.twitter.com/vcwFbWtjGH
— NEXTA (@nexta_tv) February 24, 2026
Руската државна новинска агенција Тасс објави дека патролното возило било тешко оштетено, но не се запалило. Локалните медиуми објавија слики од полициско возило со скршени прозорци во близина на железничките пруги. Областа веднаш била опколена од полицијата, а на местото на настанот биле повикани неколку амбулантни возила.
Министерството првично соопшти дека напаѓачот избегал. Сепак, само неколку минути подоцна, по прегледот на местото на настанот и снимките од безбедносните камери, беше објавено дека телото на напаѓачот е пронајдено на местото на експлозијата. Властите сè уште не објавија детали за видот на експлозив или за можниот мотив на напаѓачот.
BREAKING: There has been a car bomb explosion in the heart of Moscow, Russia pic.twitter.com/05iMqJbD7m
— 🦋 Betty Velvet (BVel) (@BettyBVel) February 24, 2026
Рускиот истражен комитет, кој се занимава со сериозни кривични дела, потврди дека отворил истрага за обид за убиство на полицаец и нелегално поседување експлозивни направи. Нападот се случува во контекст на низа насилни инциденти во Русија.
Во декември минатата година, двајца полицајци беа убиени во експлозија во јужна Москва додека се обидуваа да спречат осомничен, недалеку од местото каде што беше убиен руски генерал неколку дена претходно.
Европа
Германија: Нема да го молиме Путин
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во Украина, но отфрли можност за отстапки кон Русија.
„Украина, секако, мора прва да проговори, но ние сме подготвени и да разговараме“, рече Вадефул на форумот „Кафе Киев“ организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во Берлин.
„Но, ние нема да дојдеме во Москва и да направиме дополнителни отстапки. Нема да го сториме тоа. Ако престане пукањето и ако има сериозна подготвеност за разговор, тогаш сигурно ќе бидеме вклучени. Но, нема да го молиме, да се каже отворено“, рече Вадефул, осврнувајќи се на рускиот претседател Владимир Путин.
„Очекуваме дека во одреден момент ќе биде прифатен еден од разумните предлози“, додаде тој. Вадефул, од Христијанско-демократската унија (CDU), ги отфрли повиците од некои социјалдемократи да му понудат на Путин нови предлози за прекин на огнот.
„Нема недостаток на комуникациски канали. Но, каналот е бескорисен ако тој не сака да разговара“, рече Вадефул.
Зборувајќи по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, каде што Унгарија блокираше построги санкции против Русија, Вадефул повторно ја повика Будимпешта да го отфрли ветото за новиот пакет санкции и предложи заем од ЕУ од 90 милијарди евра за Украина.
Тој ги опиша дискусиите во Брисел како отворени, но и обележани со недоразбирања, и го критикуваше ставот на Унгарија, велејќи дека „ова не е Унгарија што ја познава“.

