Европа
Меркел: Нејасно е дали ќе продолжат преговорите за Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека сé уште дипломатското решение останува единствената можност за решавање на кризата во Украина, пренесува во петокот агенцијата Bloomberg.
„Ние може да го сториме само она што е во нашата моќ. Ќе направиме се што е можно да се дојде до решение на конфликтот и да се сопре крвопролевањето“, изјави Меркел. Германската канцеларка, исто така, вели дека секоја одлука во врска со ситуацијата во Украина мода да ги почитува договорите постигнати во белоруската престолнина Минск на почетокот од ланскиот септември.
Притоа Меркел напомнува дека е нејасно дали денешните преговори во Москва, каде придружувана од францускиот претседател Франсоа Оланд разговараше до рускиот лидер Владимир Путин, ќе доведат до прекин на огнот во источна Украина. Покрај тоа, според неа, сé уште не е јасно дали ќе продолжат преговорите за решавање на конфликтот по средбата во Москва.
„Не знаеме дали денешните преговори ќе бидат успешни, или ќе биде неопходно натамошно преговарање, а исто така не знаеме дали преговорите во Москва се краткорочни или долги, како и дали тие ќе бидат последните“, истакна германската канцеларка.
Претходно доцна ноќта, Меркел и Оланд во Киев разговараа со украинскиот претседател Петро Порошенко за нивниот план за решавање на ситуацијата во источна Украина, но најавената заедничка изјава по средбата беше откажана.
Како што подоцна можеше да се насети од изјавите на кабинетот на Порошенко и на неговите соработници на социјалните мрежи, планот на европските челници се состои во ткн Минска спогодба, прилагодена со новонастаната состојба во последните неколку месеци, а иницијативата на Берлин и Париз е итно иницирана поради нивните стравувања дека Вашингтон сериозно размислува за доставување смртоносно оружје за силите лојални на Киев може да предизвика само поголемо разгорување на конфликтот во регионот./крај/мф/сн
Извор: Bloomberg
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин