Европа
Меркел сака да му помогне на Камерон да ја задржи Британија во ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел покажа во петокот разбирање за реформите на Европската унија коишто ги бара нејзиниот британски колега Дејвид Камерон, и е решителна во намерата да му помогне за по референдумот планиран до крајот на 2017 година Велика Британија да остане во Унијата.
Германската канцеларка Ангелеа Меркел вели дека „конструктивно ќе го следи“ процесот на реформи на Европската унија кои ги бара Велика Британија, неисклучувајќи однапред измени на европските договори што силно ги вознемирува многуте членки на ЕУ.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој неодамна беше повторно избран, ја насочи Велика Британија кон референдум за останување на земјата во ЕУ што е оценето како опасно. Под притисокот на евроскептиците, тој сака во името на суверенитетот на британскиот парламент да врати некои овластувања и особено да ги заостри условите за примање на социјална помош за европските државјани, обврзувајќи се дека ќе се заземе за останување во Унијата доколку добие задоволувачки и доволно отстапки.
Камерон откако во четвртокот ги посети Холандија и Франција, а во петокот претпладнето Полска, попладнето пристигна во германската престолнина Берлин во рамките на својата турнеја по европските центри каде што ќе го претстави својот план за реформи.
„На германската страна недвосмислено постои надеж дека Велика Британија и натаму ќе биде членка на Европската унија“, изјави Меркел на заедничката прес-конференција со Камерон.
„Европската унија досега покажа дека може да биде прилично прилагодлива која некоја земја членка има проблем и верувам дека тоа повторно ќе го покажа“, рече Камерон во Берлин.
Камерон својата дипломатска офанзива ја покрена откако во четвртокот во британскиот парламент официјално беше претставен нацртот на законот во кој се опишуваат деталите за референдумот за членството во Европската унија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

