Европа
Меркел во недела треба да каже дали ќе се кандидира за уште еден мандат

Се очекува дека германската канцеларка Ангела Меркел во недела ќе објави дали ќе се кандидира за четвртиот мандат на изборите следната 2017 година, објави медиумската групација Redaktionsnetzwerk Deutschland.
Во извештајот се наведуваат извори од извршниот одбор на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеалрката Ангела Меркел.
Портпаролот на канцеларката одбил во средата за агенцијата Reuters да го коментира погоре споменатиот медиумски извештај,
На редовната прес-конференција во средата, портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт, изјави дека канцеларката ќе го појасни своите намери во „соодветно време“.
Во вторникот влијателниот член на владејачката Христијанско-демократска унија (CDU), Норберт Ротген, кој е претседател на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, изјави во интервју за американската телевизиска мрежа CNN дека Меркел ќе биде во трката за четвртиот мандат.
Меркел, соочена со острите критики поради својата политика на отворени граници за барателите на азил и пристигнувањето на земјата над 900.000 имигранти во текот на минатата 2015 година, претходно рече дека одлуката за новиот мандат ќе ја донесе во „благовремено“.
Се очекува Меркел, исто така, дека ќе се кандидира за уште еден двогодишен мандат на водечката позиција во CDU на партиската конвенција во декември, но тоа може да го стори само ако е и кандидат за канцелар.
На канцеларската должност таа е од 2005 година, и во моментов Меркел ја предводи ткн големата коалициска влада со партијата од левиот центар Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Доколку освои уште еден мандат, би можела да го надмине досегашниот рекорд кој го постави Хелумт Кол, кој таа должност ја извршуваше 16 години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Огромна експлозија во Севастопол, Русија: погодено седиштето на Црноморската флота

Денеска, се случи силна експлозија во Севастопол. Не станува збор само за најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше присоединет од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште, каде што е сместена руската Црноморска флота.
Севастопол од неодамна често е цел на украински воени беспилотни летала и крстосувачки ракети. Според фотографиите и видеата што денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде што често се наоѓаат руски воени бродови.
/2. Video from Sevastopol. According to the locals on the video there were missiles flying right over them before the explosion. pic.twitter.com/8MahbiIBd3
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) September 22, 2023
Неофицијалните канали на „Твитер“, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, а локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.
💥 Video of the hit pic.twitter.com/slk02aVyPq
— Ukrainska Pravda in English (@pravda_eng) September 22, 2023
Русите потврдија: Погодено е седиштето на Црноморската флота
Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер, Михаил Развозаев.
Европа
Крвава пресметка меѓу банди во Шведска: Убиецот влегол во ресторан и почнал да пука, најмалку двајца загинати

Две лица загинаа, а две се повредени во пукање во паб во градот Сандвикен, на истокот на Шведска.
Полицијата верува дека само едно лице било цел и дека пукањето е поврзано со банда.
Истрагата е во тек, а засега никој не е уапсен, пренесуваат медиумите во регионот.
Осомничениот дошол во ресторанот со автомобил, влегол и почнал да пука.
Според полицијата, загинале двајца мажи на возраст од 20 и 70 години, а повредени се една жена на 20-годишна возраст и еден маж на возраст од приближно 45 години.
Шведска во последните години беше погодена од бран престрелки, кои се засилија во последните месеци.
Европа
Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат.
„Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат“, тврди тој.
Песков рече дека Владимир Путин набргу ќе разговара со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизира конкретен датум, пишува „Гардијан’.
Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања.
Песков сугерира дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку им наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.