Европа
Могерини:Проширувањето на ЕУ гарант за стабилност и еконоски развој
Политиката на проширување на Европската унија (ЕУ) е најдобра гаранција за долгорочна стабилност и економски развој на Балканот, а ЕУ мора да ги преиспита односите со Москва, изјави во понеделникот во Европскиот парламент идната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
„Почнувајќи од Балканот и Турција, верувам дека проширувањео е најдобра, ако не и единствена гаранција за долгорочна трансформација во смисла на демокраијата, стабилноста и економскиот развој“, рече Могерини.
Таа ја претстави својата програма и одговараше на прашања од пратениците, кои треба да гласаат за нејзино именување. Могерини притоа истакна дека европскиот дел од светот моментно е еден од најкомликуваните.
„Нашиот дел од светот моментно е еден од најкомликуваните, не само соседството, туку и соседството на нашите соседи. Сметам дека треба да обрнеме многу повеќе внимание кон Истокот, почнувајќи од целосната поддршка за Украина во смисол на безбедноста, институционалните реформи, политичкиот процес, економските предизвици и енергија“, наведе Могерини.
Таа истакна дека ЕУ мора да ги поддржи Молдавија и Грузија, особено во претстојните месеци, и дека мора да работи со Азербејџан и Белорусија.
Федерика Могерини беше на чело на италијанската дипломатија во владата на премиерот
Матео Ренци, а беше и член на италијанскиот Претставнички дом и на парламентарните делегации во НАТО и Советот на Европа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Се заканувал преку Тикток дека ќе изврши злосторства на божиќен пазар во Германија, веднаш бил уапсен
Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал преку Тикток, дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.
Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влета со својот автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а повред 200 лица.
Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.
Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.
Европа
Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва
Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство од својот живот, објавија вчера турските и арапските медиуми, додавајќи дека наводно сака да се пресели во Лондон.
Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината пријава моментално ја оценуваат руските власти.
Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон, објави Би-би-си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година на 25-годишна возраст.
Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.
Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.
Европа
Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ
Претстојниот Божиќ во Италија нема да се карактеризира со заштеда – се очекува семејствата да потрошат вкупно повеќе од 25 милијарди евра за подароци за ставање под дрвото, купување храна, ручеци и вечери во ресторани и патувања, според италијанскиот Здружение за заштита на потрошувачи „Кодаконс“.
Според ова здружение, просечниот трошок по семејство за претстојните празници ќе изнесува 992 евра, пренесе Анса.
Околу 9,5 милијарди евра ќе бидат потрошени за божиќни подароци за пријатели и роднини, па дури и секое друго купување ќе се врши со попуст.
За традиционалната вечера и ручек ќе се потрошат над три милијарди евра со оглед на високите цени на прехранбените производи.
Во декември во Италија путерот поскапе за 20 отсто, кафето за 13,3 отсто, маслиновото масло за 9,7 отсто, доматите за 23,7 отсто, а чоколадото за 8,5 отсто.
Во споредба со минатата година, традиционалниот колач панетоне поскапе за четири отсто, а просечната цена во главните трговски синџири се движи меѓу пет и седум евра.
Панетонот во приватните слаткарници е значително поскап, просечните цени се движат од 30 до 35 евра, но и до 60 евра доколку е „потпишан“ од познати готвачи.
Кога станува збор за чоколадните божиќни десерти, тие поскапеа за 30 отсто.
Милиони Италијанци ќе патуваат за време на божиќните празници, за што, како што проценува Kodacons, ќе потрошат 12,7 милијарди евра.