Европа
Московска телевизија објави снимка од убиството на опозиционерот Немцов
Московската телевизија Центар објави во неделата видеоснимка од убиството на поранешниот вицепремиер и опозициски политичар Борис Немцов, снимена од надзорна улична камера.
Снимката е многу матна, поради далечината, но укажува на тоа дека убиецот можеби ги чекал Борис Немцов токму на Големиот мост преку реката Москва недалеку од Кремљ. На снимката се гледаат Немцов и неговата партнерка како одат преку мостот. Во 23.31 часот по локално време се покриени од камерата од возило за расчистување на снег. Во следниот кадар се гледа маж, можен убиец, како се појавува зад возилото и влегува во автомобил од марката „лада приора“ кој го чека. Коментаторот на телевизијата вели дека не е возможно да се види на снимката како тој маж се нашол на мостот, со се верува дека го чекал Немцов на скалилата кои водат на мостот.
Осум куршуми се истрелани од пиштол од марката „макаров“, а четири го погодиле Немцов во грбот кој починал на самото место. Истрагата засега утврди со сигурност дека опозицискиот политичар кој во неделата требаше да предводи протест против економските мерки на руската влада во врска со западните санкции наметната поради наводната улога на Русија во украинската криза, вечерал со пријателката и пеш се упатиле кон неговиот стан.
Официјалниот претставник на руската Истражна комисија, чија истрага е координирана и со министерството за внатрешни работи и со Федералната служба за безбедност (ФСБ), Владимир Маркин, изјави дека организаторите и извршителите на убиството на Немцов добро ја знаеле рутата на движењето на политичарот и според тоа се чини дека убиството било внимателно планирано.
Истрагата во моментов разгледува пет варијанти за можните мотиви за ликвидацијата, а според Маркин и во неделата не се исклучува можноста од политички атентат врз опозицискиот политичар чија цел е дестабилизација на политичката ситуација во Русија.
Маркин истакна дека постојат извештаи кои откриваат дека Борис Немцов примал закани поради своите ставови за масакрот од почетокот на јануари во редакцијата на францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo кој го извршија исламски радикали поради објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед, а се истражува и можната врска на убиството со неговите ставови во врска со војната во Украина, којашто беше спротивна од онаа на официјална Москва.
Во саботата украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Немцов е убиен поради тоа што наводно планирал да објави докази за наводната руска вмешаност во војната во Украина, но тоа не е потврдено од најблиските соработници од руската опозициска партија РПР Парнас, чиј соосновач беше Немцов./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.