Европа
Москва: Изборите во Украина се шанса за мирот, опасност се националистите
Вонредните парламентарни избори во Украина даваат шанса за мирот во југоисточните рускојазични региони, оцени во понеделникот заменикот на рускиот министер за надворешни работи и истовремено предупреди дека националистичките пратеници би можеле да го поткопаат тој процес, пренесуваат агенциите.
Вонредните парламентарни избори во Украина даваат шанса за мирот во југоисточните рускојазични региони, оцени во понеделникот заменикот на рускиот министер за надворешни работи и истовремено предупреди дека националистичките пратеници би можеле да го поткопаат тој процес, пренесуваат агенциите.
Прелиминарните резултатите покажуваат дека во водство се партиите коишто по соборувањето на претседателот Виктор Јанукович во февруари се декларираа како прозападни, во услови кога не се гласаше на црноморскиот полуостров Крим каде што по револуцијата во Киев во март руската етничка мнозинска заедница преку рефереднум се присоедини на руската Федерација, како и минималниот одѕив на гласачите во источните региони Донецк и Луганск каде што од јули се спроведува воената операција на украинските сили за враќање под контрола на одметнатите рускојазични области во која загинаа над 3.700 луѓе. „Партиите коишто заговараат мирољубиво решение на внатрешната криза во Украина освоија мнозинство. Тоа има дава нова шанса да се вратат на договорот од Минск“, изјави заменикот на шефот на руската дипломатија Григориј Карасин, споменувајќи го договорот од 5-ти септември постигнат на преговорите на Контактната група за Украина, меѓу претставниците на Киев и проруските бунтовници, со медијаторство на ОБСЕ, пренесува РИА Новости.„Фактот дека отворено националистичките и шовинистички сили добија значителна поддршка и ќе бидат застапени во Врховната Рада (парламентот) создава дополнителна закана дека повторно ќе се слушнат повиците за употреба на сила и крвопролевање“, истакна Карасин оценувајќи го тоа како „извонредно опасно“. Според податоците што ги објави украинската Централна изборна комисија во понеделникот напладне по пребројувањето на 55,28 отсто од избирачкиот материјал, во водство се наоѓа партијата Народен фронт на премиерот Арсениј Јаценјук, кој ја напушти порано најголемата опозициска партија Баткивштина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенко е во водство со 21,6 отсто, а веднаш зад неа е блокот поддржан од претседателот Петро Порошенко со 21,45 отсто од гласовите. Според моменталните резултатите, во украинскиот парламент влегуваат уште четири партии кои го имаат минато прагот од 5 проценти, и тоа Самопомош на градоначалник на Л’вов Андриј Садов со 11,2 отсто, Опозицискиот блок во којашто влегуваат повеќе поранешни видни членови на Партијата на регионите на соборениот претседател Јанукович со 9,79 проценти, Радикалната партија на Олег Лјашко со 7,34 отсто, и Баткивштина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко со освоени 5,65 отсто од гласовите.Меѓутоа, само еден ден од одржувањето на изборите во источните региони повторно избувнаа судирите. Проруските бунтовници изминатите денови предупредуваа дека украинската армија го користи примирјето да донесе нови засилувања во населбите во близина на најголемото бунтовничко упориште Донецк, и дека се подготвуваат за нова офанзива. Во понеделникот во околината на Донецк агенциите известуваат дека се слушаа артилериски оган од ракетните системи „Град“, а повторно најжестоки судири се воделе кај населбата Путиловска, во околината на аеродромот кој делумно е под контрола на силите лојални на Киев.. Агенцијата AFP извести дека се слушаат споредични престрелки и во близина на градот Мариопул, на брегот на Азовското Море, Овој доминантно рускојазичен пристанишен град од почетокот на воената операција во април е заземен од Националната гарда на Украина, но во контраофанзивата на проруските сили од јуни се најде на самиот раб од фронтот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Преговарачките тимови денес постигнаа значителен напредок
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со својот фински колега Александар Стаб, а фокусот на разговорот беше на преговорите за прекин на војната што Русија ја води против Украина. Зеленски истакна значителен напредок во подготовките за клучните состаноци во Соединетите Американски Држави, објави Украинска правда.
Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс изјави дека тој и Стаб разговарале за „контакт со партнерите“ во контекст на мировните преговори.
„Тука во Украина, во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а од денес, нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Многу е постигнато во развојот на потребните безбедносни гаранции, план за закрепнување и економски развој, како и рамковен документ од 20 точки“, објави Зеленски.
Тој додаде дека украинската страна вредно работи за да постигне „заеднички успех за Украина и цела Европа, за Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп, за сите наши партнери низ целиот свет и за глобалниот мир“.
Зеленски особено им се заблагодари на членовите на американскиот преговарачки тим – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – како и на „сите што помагаат“.
Европа
(Фото) Бомба експлодираше на прометна улица во Харков: има загинати и повредени
Руските сили извршија напад со наведувани воздушни бомби врз Харков, погодувајќи градски пат. Во нападот загинаа две лица, а неколку други беа повредени, објави градоначалникот Ихор Терехов, според „Украинска правда“.
Градоначалникот на Харков беше првиот што го пријави нападот на социјалните медиуми. „Харков е нападнат со наведувани воздушни бомби. Експлозии се слушнаа во предградијата и во самиот Харков. Според првичните информации, нападот ја погодил населбата Шевченки. Информациите за последиците од нападот се проверуваат“, напиша Терехов.
🇺🇦🔱 Kharkiv.
ruzzia attacked the city and suburbs with KAB'sIn this area, there are only civilian residential buildings, an educational institution, and no military facilities.
▪️One man was killed on the spot, and another died in an emergency medical vehicle. pic.twitter.com/Bvm6doETcS— Tracey SBUFella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) December 26, 2025
Подоцна, Терехов даде повеќе детали, велејќи дека бомбата погодила „еден од најпрометните патишта во Харков“.
„Неколку автомобили се во пламен, а прозорците во блиските куќи се скршени. Имало луѓе во запалените автомобили“, додаде тој.
Подоцна попладнето, Терехов го потврди бројот на жртви. Според него, едно лице е убиено, а тројца се повредени, од кои едно е во сериозна состојба.
Европа
(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија
Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов удар врз енергетската инфраструктура на Москва. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека нивните воздухопловни сили ја нападнале рафинеријата за нафта Новошахтинск во рускиот регион Ростов, каде што биле регистрирани „серија експлозии“.
Стратешки удар врз руската логистика
Во официјалното соопштение на украинската војска се вели дека нападот бил успешен. „Воздухопловните единици успешно ја нападнале рафинеријата за нафта Новошахтинск во Ростовскиот регион на Руската Федерација со крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ лансирани од воздух“, се вели во соопштението.
The oil refinery in Novoshakhtinsk, southern Russia, has reportedly just been hit.
It has been targeted by Ukrainian drones multiple times before.
📹 Exilenova+ pic.twitter.com/xAlvYcQBc9— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) December 25, 2025
Киев вели дека рафинеријата Новошахтинск е клучен снабдувач со гориво за јужна Русија и игра директна улога во поддршката на руската војска, која ја снабдува со дизел гориво и керозин за авиони.
L'Ucraina ha attaccato una delle più grandi raffinerie di petrolio nel sud della Russia, la Novoshakhtinsk Oil Refinery ("NZNP"), capacità di fino a 7,5 milioni di tonnellate di petrolio all'anno.
L’attacco sarebbe avvenuto con missili Storm Shadow pic.twitter.com/uOwMmvM7ak— jacopo iacoboni (@jacopo_iacoboni) December 25, 2025
Прва употреба на ракети „Сторм Шедоу“ врз оваа цел
Објектот бил цел на украински напади најмалку шест пати од почетокот на руската инвазија, а првиот регистриран напад бил во март 2024 година. Сепак, вчерашниот напад ја означува првата потврдена употреба на ракети „Сторм Шедоу“ врз рафинеријата.
Објектот се наоѓа на приближно 175 километри од територијата контролирана од Украина, додека ракетите „Сторм Шедоу“ имаат дострел од повеќе од 250 километри.
Нападите врз енергетската и логистичката инфраструктура длабоко на руска територија се дел од пошироката украинска стратегија. Со вакви акции, Киев се стреми да се спротивстави на речиси секојдневните руски ракетни напади и напади со дронови, насочени кон објекти кои се клучни за одржување на воените напори на Русија.

