Европа
Во судирите со фудбалските хулигани против салафитите повредени 44 полицајци во Келн
Четириесет ичетири полицајци се повредни во судирите со фудбалските хулигани во текот на нивниот собир организиран во неделата од страна на крајната десница која се противи на доселувањето на имигранти во германскиот град Келн, објави во понеделникот тамошната полиција.
Притоа, портпаролот на полицијата во Келн, се наведува дека биле приведени дваесетина насилни демонстрантите. Додал дека неколку часови по завршувањето на митингот, некои од хулиганите продолжиле со безредијата во центарот на градот.
Организацијата на крајната и антиисламиска десница Pro NRW го организираше собирот под називот „Фудбалските хулигани против салафистите“. Антиимгрантската група која се нарекува „Фудбалски хулигани против салафитите“ наишла на група од петстотини лица кои излегле на контрапротести. Прво започнал судир меѓу тие две групи, а подоцна на полицајците биле фрлани шишиња, камења и петарди.
Најмалку четири илјади хулигани и милитанти од крајната десница излегле на митингот, марширајќи на улиците на Келн во неделата доцна попладнето во тензична атмосфера, извикувајќи пароли како „странците надвор“, пренесува агенцијата DPA. На социјалните мрежи организаторите на митингот, пак, тврдат дека ги имало повеќе од седум илјади.
Полицијата којашто ангажирала илјада свои припадници во настојувањата да го ограничи просторно митингот и да ги избегне инцидентите со групата од околу 500 контрадемонстранти од крајната левица, исто така, присутни на истата локација, употребила „солзавец, палки и водени топови во обидот да ја преземе контролата над ситуацијата“ во текот на попладнето, соопшти портпаролот на полицијата во Келн прецизирајќи дека полицајците биле повредени од камења, шишиња и петарди коишто ги фрлале врз нив хулиганите.
Засега нема информации за причинетите материјални штети, но локалните медиуми известија за повеќе превртен и полициски возила и оштетени дуќани во центарот на Келн./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.