Европа
На изборите во Русија се очекува нова уверлива победа на владејачката партија
Русите во недела излегуваат на гласачките места за изборите во Државната дума, во услови кога нивниот животен стандард е намален, но и покрај тоа се очекува убедлива победа на владејачката партија Единствена Русија, а незадоволството на граѓаните може да се види единствено во слабиот одѕив.
Изборите на коишто првпат ќе гласаат и избирачите од црноморскиот полуостров Крим кој пред две години преку референдум се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, се одржуваат во периодот кога популарноста на претседателот Владимир Путин во земјата се движи околу 80 отсто и покрај најдолгата рецесија во текот на неговите 16 години на челните позиции во Русија.
Две години по присоединување на Крим, односите меѓу Русија и Западот се најлоши по повеќе децении наназад, но тоа не се одрази на изборната кампања, а општата апатија насочува дека одѕивот би можел да биде низок.
Руските изборни власти годинава дозволија кандидирање на значително поголем број опозициски кандидат, што се толкува како настојување да се подобри сликата на демократијата по протестите од 2011 година кога слабата опозиција протестираше против наводни нерегуларности, на што на Западот му беше даден голем публицитет.
Гласачите со право на глас ќе избираат 450 претставници во Државната дума, долниот дом на парламентот. Исто така, ќе се избираат и некои важни регионални лидери, како на пример во Чеченија Рамзан Кадиров, кој е сојузник на претседателот Путин.
Исто така, ова се први избори кои ќе се одржат според новиот изборен систем, кој стапи на сила во 2014 година. Половината од 450-те пратеници ќе се избираат преку партиски листи, а другата половина непосредно.
Последните испитувања на јавното мнение на институтот ВЦОМ покажуваат дека Единствена Русија има 39,3 отсто поддршка, додека Либерално демократската партија ЛДПР има 10,4, а Комунистичката партија – 8,7 и партијата Справедлива Русија – 5,3 отсто, и се единствените кои ќе го минат изборниот праг од 5 проценти. Другите партии се движат од 1 процент надолу, а 14,7 отсто од испитаниците на анкетата нема да излезат да гласаат, а приближно исто процент не се определени.
Во анкетата на ФОМ, Единствена Русија има поддршка од 41 отсто, ЛДПР од 11 отсто а КПФР има 9 отсто поддршка, додека Справедлива Русија со 4 проценти ќе се бори да влезе во Думата. Во оваа анкета 13 отсто од испитаниците се одлучија да не гласаат.
Во анкетата на институтот Левада, пак, објавена на државната агенција РИА, поддршката за Единствена Русија паднала на 31 отсто, Комунистичката партија може да се надева на 10 отсто поддршка, а ЛДПР на 9 отсто, додеа изборниот праг со 5 отсто ќе го мине Справедлива Русија. Во ова истражување 15 отсто од испитаниците рекле дека нема да гласаат.
Во западните медиуми истакнуваат дека институтот Левада, чии анкети претходно покажуваа 39-процентна поддршка за Единствена Русија, беше прогласена за „странски агент“, термин со кој се одбележуваат невладините организации кои примаат пари од странство, а се вклучени во политички активности.
Јасно е дека владејачката партија на овие избори ќе се соочи со повеќе предизвици отколку пред пет години. Бидејќи руската економија е во рецесија од крајот на 2014 година, а економската криза најдолгата од 2003 година . Руската економија, која инаку силно се потпира на извозот на енергија, во моментов минува низ најдлабоката рецесија во последните 16 години, или откако на власт дојде Владимир Путин, поради ниските цени на пазарот и западните санкции воведен поради наводната улога на Русија во судирите во Украина. Куповната моќ на просечниот Русин е во опаѓање во контекстот на слабеењето на руската рубља којашто од 2013 година загуби речиси половина од вредноста
Меѓутоа, и без разлика на разочарувањето во актуелниот премиер и челник на Единствена Русија, Дмитриј Медведев, се чини дека и доколку се случат мали промени во Думата, тоа нема да влијае врз популарноста на претседателот Владимир Путин. Институтот Левада центар минатиот месец објави анкета во која поддршката за Путин изнесува 78 отсто. За споредба, во 2013 година овој параметар се движеше околу 60 отсто, а се смета дека неговиот подем започна по присоединувањето на Крим.
Поучени од искуството од последните парламентарни избори од 2011 година, кои беа засенети од тврдењата дека биле наместени и протестите на кои на Западот им беше дава голем публицитет, руските изборни власти годинава дозволија кандидирање на значително поголем број опозициски кандидат, што се толкува како настојување да се подобри сликата на демократијата.
Бројот на партиите кои ќе излезат на изборите се зголеми од само 7 на изборите во 2011-та, на 74, а изборниот праг е намален од 7 на 5 отсто. Меѓутоа, западните критичари велат дека тие подобрувања се само козметички и дека изборите нема да бидат чесни, оти наводно оделе во прилог на владејачката Единствена Русија. Се оценува дека новиот изборен систем оди во прилог на партиите кои имаат силни поединци кои можат да бидат успешни во некои изборни единици, како и на оние кои имаат дисциплинирани сојузно организирани партиски структури.
Путин инсистираше сите кандидати да добијат „еднакви услови за отворена, чесна борба“.Но, во уште во март го замени влезениот во скандал челникот на Централната изборна омисија Владимир Чуров, со реномираната заштитничка на човекови права Ела Памфилова, поранешна правобранителка. Таа неодамна изјави дека во петте месеци, олку што е на чело на комисијата, се преземени „низа превентивни мерки“ против можните неправилности во текот на предизборната кампања. Ги предупреди париските функционерите и бирократите да не вршат притисок врз гласачите и да не се мешаат во работата на набљудувачите, заканувајќи се со затворски казни.
Зајакната е и борбата против корупцијата и последните седмици се случија апсења на неколку високо позиционирани личности. На почетокот од септември беше уапсен и шефот на одделот на министерството за внатрешни работи за борба против корупцијата Дмитриј Захарченко, кај кого се пронајдени 140 милиони долари во готовина.
Политичката слика во Русија по овие избори, судејќи според се нема да се промени позначително, имајќи предвид дека патриотизмот е во пораст, медиумите се во тој контекст и наклонети кон власта, а сериозна опозиција речиси и да не постои. Но се очекува, во прв ред Западот да добие процена дали Путин ќе се кандидира во 2018 година на претседателските избори, но уште повеќе дали и дали можат да му обезбедат уште десет години на власт./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

