Европа
Над 20 илјади Курди протестираат во Диселдорф
Повеќе до 20 илјади Курди коишто живеат во Германија во саботата мирно протестираат на улиците на Диселдорф против пасивноста на меѓународната јавност на нападите на џихадистите од Исламската држава (IS) врз нивните сонародници во Ирак и во Сирија, особено поради заканата крудскиот сириски град Кобане да падне во рацете на оваа радикална групација позната по масовните масакри, додека Берлин стравува од можни судири како и изминатите денови и „увоз“ на сирискиот конфликт на нејзина територија.
Според податоците на полицијата во Диселдорф, меѓу 10 и 12 илјади луѓе се сопреле на пладне на почетокот од протестите, но во раните попладневни часови нивниот број надминал 20 илјади.
Курдските организации во Германија повикаа на протести во овој град на Рајна за да бидат осудени нападите на џихадистие врз курдските градови во Сирија и во Ирак, особено да предупредат на тешката ситуација во којашто се наоѓаат бранителите на Кобане.
Овој град, Ајин ал-Араб, на арапски, е третиот по големина курдски град во Сирија, се наоѓа на стратешка локација на самата граница со Турција и три седмици е цел на жестока офанзива на Исламската држава, поради што областа ја напуштија повеќе од 200 илјади Курди, но сега турските власти на оние кои секаат да се вратат, како и на турските курдски доброволци, не им дозволуваат да ја минат границата и да им помогнат на бранителите на Кобане. Според последните информации, побројните и подобро вооружени џихадисти контролираат речиси половина од градот и ги зазеле зградите на штабовите на курдските локални милиции.
Во вторникот и средата во северниот пристанишен град Хамбург дојде до инциденти во кои беа повредени повеќе десетици лица, кога исламистите кои живеат во Германија се судрија со Курдите кои учествуваа во протестите. Тие судири повторно ги поттикнаа стравувањата на Берлин од ширењето на сирискиот и ирачкиот судир во земјата, каде што живее најголемата курдска заедница во Европа, којашто според курдските здруженија брои повеќе од милиони луѓе.
Во разговорот за германскиот неделник Focus кој ќе се појави во недела, германскиот министер за надворешни работи Томас де Маизере изразува загриженоста поради инцидентите во кои учествуваа Курди и исламисти. „Тоа го следиме многу сериозно. Оние кои учествуваат во тепачките може да очекуваат многу остра реакција од државата“, предупредува.
Иако вели дека ја разбира загриженоста и гневот на луѓето, како и нивната потреба да го изразат незадоволството, Маизере додава дека неговото разбирање „престанува во оној момент која некои го злоупотребуваат правото на протестирање и почнуваат да дивеат на улиците“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.