Европа
Над два милиона прашања за ‘директната линија’ со Путин
Бројот прашања и обраќања на руските граѓани упатени за традиционалната годишна „Директна линија со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин“, надмина два милиона, соопшти во четвртокот телевизијата Россия-24.
Рускиот претседател во четврток го одржува традиционалниот годишен дијалог со Русите на ткн „директна/жешка линија“. Прашањата за Путин започнаа во Кремљ да ги примаат од 9-ти април и до средата попладнето, како што објави портпаролот Дмитриј Песков, пристигнале 1,7 милиони прашања од граѓаните. Телевизија Россия-24, пак, пред почетокот на директното емитување на одговорите на Путин објави дека до 8 часот по московско време на 16-ти април биле поставени повеќе од 2,2 милиони прашања за рускиот челник.
На 10-ти април Песков објави дека секоја минута отворената телефонска линија прима 3.135 повици со прашања за претседателот Владимир Путин, и според него тоа претставува осум пати повеќе отколку минатата 2014 година. Прашањата пристигнуваат, покрај телефонски, и преку ММС и СМС пораки, како и преку видео повици.
Рускиот претседател Владимир Путин на 16-ти април ќе го одржи својот традиционален дијалог со руските граѓани во рамките на ткн „директна линија“, што ќе биде директно емитувани на три телевизиски канали и три радио станици.
Традиционалните телевизиски „директни линии“ започнаа во времето на првиот претседателски мандат и првата се одржа на 24-ти декември 2001 година, што беше емитувано на два телевизиски канала и на две радио станици, и тогаш биле примени 400 илјади прашања. Рекордно траење „линијата“ имаше во 2013 година, кога траеше 4 часа и 47 минути.
Последната се одржа на 17-ти април 2014 година, една седмица по започнувањето на воениот конфликт во русофонскиот исток на соседна Украина, и еден месец откако црноморскиот полуостров Крим со референдум се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија. Таа траеше 3 часа и 5 минути во кои Путин одговори на 81 прашање, од кои 35 беа посветени на Крим и ситуацијата во Украина.
Како што појаснуваат од Кремљ, претседателот претходно не може да знае какви прашања ќе бидат поставувани, но оти Путин обично ги одбира оние кои најмногу ги интересираат руските граѓани но и меѓународната јавност. Потоа бара од министерствата исцрпни информации кои ќе се употребат како одговори на прашањата, а се составува и листа на одговори кои се испраќаат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.