Европа
Најмалку 50.000 се очекуваат на протестот против TTIP во Хановер
Организаторите на масовниот собир против Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) меѓу Европската унија со САД и Канада очекуваат дека на протестот во саботата, ден пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Хановер за поддршка на договорот, ќе се соберат најмалку 50.000 луѓе.
Се очекува дека американскиот претседател Барак Обама, кој ќе ѝ се придружи на германската канцеларка Ангела Маркел на отворањето на индустрискиот саем во Хановер, кој го посетуваат околу 250.000 луѓе, ќе ја искористи можноста за промовирање на TTIP.
Здруженијата за заштита на природата и заштита на потрошувачите ги повикаа луѓето од пладне да почнат да му се приклучуваат на протестот против можно намалување на еколошките и социјалните стандарди во Европа.
Како мото на денешниот протест кој го најавија организаторите е „Стигнуваат Обама и Меркел: Стоп за TTIP и CETA“.
CETA се однесува на сеопфатниот економски и трговски договор меѓу ЕУ и Канада. Следната седмица во Њујорк се одржува 13-та рунда од преговорите за TTIP. Преговарачите на двете страни изразија надеж дека ќе бидат заклучени преговорите до крајот на мандатот на Обама, но времето истекува, бидејќи во ноември ќе се одржат претседателските избори во САД.
Противењето на TTIP порасна последните години во Германија, а критичарите стравуваат дека голема моќ ќе им даде на мултинационалните компании на штетата на правата на потрошувачите и работниците. Германската влада на канцеларката Ангела Меркел се залага за што поскоро ратификување на TTIP. Според Берлин, европската економија ќе има полза од овој договор, Брисел ќе може повеќе да влијае врз стандардите на меѓународната трговија, европските компании нема да мора да бидат подложени на двојна сертификација, а TTIP ќе осигури меѓу 200 и 400 илјади нови работни места во Германија и раст на тамошното производство.
Силата на отпорот ја изненади и владата на Меркел која се соочува со големиот предизвик како да го придобие јавното мнение за договорот, кој според нив ќе овозможи пазар од 800 милиони луѓе и ќе биде противтежа на економската моќ на Кина.
На паневропските протесни кации во април и мај минатата година, десетици илјади луѓе протестираа против потпишувањето на TTIP, а најмасовните протести се одржаа во Мадрид, Минхен и Берлин.
Од јули 2013 година зад затворени врати ЕУ преговара за TTIP, а во 2015 година требаше да биде разработен а потоа за половина година да биде одобрен од Европскиот парламент и националните парламенти на земјите потписнички на овој договор. Неговата цел е создавање на најголемата зона на слободна трговија во светот, со пазар од околу 820 милиони потрошувачи. Покрај САД и земјите од ЕУ, во договорот се вклучени и Канада, Мексико, Швајцарија, Лихтенштајн Норвешка и Исланд, како и земји кандидати за членство во Европската унија.
Договорот за сеопфатна зона на слободна трговија СЕТА (Comprehensive Economic and Trade Agreement) меѓу ЕУ и Канада, според кој овие пазари стануваат целосно отворени еден за друг треба да биде еден вид почетна точка за постигнувањето на TTIP. Проектот е целосно развиен, но сè уште не е потпишан. Доколку биде одобрен од Советот на Европа и од Европскиот парламент, би требало да стапи на сила до крајот на 2016 година.
Иницијативата се однесувана унификација на трговско-политичките стандарди на земјите од Северна Америка и од Европската унија. Притоа, според критичарите, TTIP ги става корпоративните интереси над националните имено компаниите добиваат специјално право да ги бранат своите интереси особено во меѓуарбитражните судови кои ќе бидат независни од националните институции и практично ќе дејствуваат како приватни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

