Европа
Најмалку две лица повредени во низата земјотреси во Италија

Досега се пријавени две повредени лица во градот Висо во покраината Мачерата, но низата земјотреси којашто ја потресе Италија во средата ноќта, пренесува телевизијата RaiNews24, за која челникот на националната служба за цивилна заштита Фабрицио Курчо изјавил дека недалеку од епицентарот кој го погоди централниот дел на земјата кон крајот на август, се регистрирани нови уривања.
Покрај тоа, без снабдување со електрична енергија како резултат на земјотресите е градот Кастелсентанџело на реката Нера, изјавил тамошниот градоначалник Муро Фалкучи.
Медиумите јавуваат дека треперењето на почвата уште не е смирено, а кај населнието во централниот дел на земјата се манифестираат страв, паника и вознемиреност. Оштетувања се пријавени во многу места кои беа погодени од земјотресот од 24-ти август, каде што веќе имаше разурнати или делумно оштетени објекти.
Вториот подземен удар со магнитуда од 6,2 степени по Рихтер е регистриран во централниот италијански регион Марке, исто така во а тресењето на земјата се чувствувало околу 20 секунди во центарот на италијанската престолнина Рим.
Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV), магнитудата на последниот земјотрес, во 21,18 часот полокално време, чиј епицентар на длабочина од 8 километри во покраината Мачерата, изнесувала 5,9.
Претходно во средата вечерта во 19,11 часот беше регистриран земјотрес со магнитуда од 5,4 степени по Рихтер. Неговиот епицентар беше исто така во регионот Мачерата, во региона Марке.
Потресите биле почувствувани во неколку италијански региони, Умбрија, Лацио, Марке и Абруцо. Исто така, ги почувствувале и жителите на неколку големи италијански градови, како Рим, Фиренца, Перуџа и Аквила.
Помеѓу првиот и последниот силен потрес, во централниот дел на земјата, биле регистрирани уште три земјотреса со магнитуди од 3,0, 3,4 и 3,2 според Рихтер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Неколку возови во Украина запрени поради закани за бомба

Анонимни закани со бомби повторно го нарушија железничкиот сообраќај низ Украина, соопштија вчера властите.
Полицијата соопшти дека патнички воз што се движел кон Запорожје бил принуден да застане во селото Бурштин, каде што патниците биле евакуирани на безбедно растојание додека експерти и кучиња трагачи ги пребарувале вагоните за експлозиви. Откако добиле дозвола за патување, возот го продолжил своето патување.
Според новинската агенција УНИАН, неколку други возови во различни региони исто така биле запрени и проверени по слични закани. Меѓу нив била и линијата Днепар-Будимпешта што ја поврзува Украина со Унгарија.
Слични инциденти се пријавени во последните денови, иако не се пронајдени експлозивни направи во ниту еден од засегнатите возови, вклучително и на меѓународните линии. Сепак, превентивните проверки предизвикаа доцнења. Властите досега не дале информации за можните мотиви или потекло на заканите.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.
Destructive flooding right now in Godall, Tarragona Province, Catalonia, Spain.
pic.twitter.com/iLik2HbjXj— #كابتن_غازي_عبداللطيف (@CaptainGhazi) October 12, 2025
Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода што се движат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè на својот пат.
#NSTTV Severe flooding has hit Spain’s Catalonia region after torrential rain triggered red alerts, trapping residents, halting trains and prompting mass safety warnings.
Read more at: https://t.co/TeLSOE5D6q pic.twitter.com/fnatpjaHZH
— New Straits Times (@NST_Online) October 13, 2025
Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион. Досега нема извештаи за жртви или повредени.
Devastating flooding is currently occurring in La Ràpita, Montsià, Catalonia, Spain.
📷 Jamila Moussaoui Jannati pic.twitter.com/1nVKHo7VXC
— Renalee (@rena_lynnx) October 13, 2025
Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови. AEMET предупреди дека во областа може да наврнат до 180 милиметри дожд за само 12 часа.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално го анектираше, објави руската новинска агенција ТАСС.
Дронот го погодил објектот во градот Феодосија преку ноќ, предизвикувајќи пожар, објави ТАСС, цитирајќи го кримскиот лидер Сергеј Аксјонов. Нема непосредни извештаи за жртви, објави ДПА.
A Russian fuel depot in Feodosia (occupied Crimea), was struck again tonight. The site had previously been targeted a week ago. https://t.co/gg5LqmKEGJ pic.twitter.com/nWubjWcqHj
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 12, 2025
Наводно, над Крим се соборени повеќе од 20 беспилотни летала. Синоќа, руското Министерство за одбрана соопшти дека пресретнало 37 беспилотни летала над неколку руски региони, Црното Море и Азовското Море. Истиот складишен објект претходно беше оштетен во украински напад со беспилотни летала минатата година.
Украина постојано ги таргетира објектите за преработка на гориво зад фронтовските линии како дел од својата стратегија за нарушување на руските синџири на снабдување. Русија, исто така, ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети.
🇺🇦💪👌👊
Drones have visited occupied Feodosia again — the oil terminal is on fire 🔥 pic.twitter.com/IRPIxp50bb— 𝔗𝔥𝔢 𝕯𝔢𝔞𝔡 𝕯𝔦𝔰𝔱𝔯𝔦𝔠𝔱△ 🇬🇪🇺🇦🇺🇲🇬🇷 (@TheDeadDistrict) October 13, 2025
Вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 3.100 беспилотни летала и 92 ракети против Украина само во изминатата недела. Русија води војна против Украина повеќе од три и пол години.
фото: принтскрин