Европа
Поради земјотресите во Италија, евакуирано министерство за надворешни
Медиумите јавуваат дека по земјотресот кој средата вечерта ја погоди централна Италија со магнитуда до 5,4 степени по Рихтер, следел нов во 21,18 часот по локално време со магнитуда 6,2, а се јавува за нови урнувања во областите коишто беа погодени од земјотресот на крајот од август, а во Рим било евакуирано министерството за внатрешни работи а премиерот Матео Ренци ја следи ситуацијата.
Епицентарот на земјотресот со првично проценета магнитуда од 6,2 степени бил лоциран во долината на реката на Нера на длабочина од два километра, во областа меѓу Перуџа и Мацерата, а најблиско било местото Кастелсантанџело сул Нера, бил почувствуван во Рим, оддалечен на 132 километри североисточно, и на 37 километри западно од градот Асколи, како и во областите Лацио, Марка и Абруцо, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV).
Некои спасувачки екипи се испратени во правец на дел од општините во епицентралното подрачје кои се изолирани. Некои градоначалници на неколку италијански градови, во близина на епицентарот на земјотресот јавиле за некои уништувања, но нема потврда за таквите информации.
Така, Серџо Пицоли, градоначалник на местото Аматриче, кое беше речиси целосно уништено во силниот земјотрес на 24-ти август, за Ansa изјавил дека по последниот земјотрес се случиле нови уривање на веќе делумно разурнатите објекти. За најверојатни уривања јавил и градоначалникот на Кастелсантанџело, Анџечло Мауро.
„Немаме информации за повредени или жртви“, изјавил за агенцијата Ansa, шефот на регионалната цивилна заштита на регионот Марка, Чезаре Спури. Според него најкритична е ситуација е во Кастелсантангело сул Нера каде што нема електрична енергија, а се отворени и општинските оперативни и регионалните центри.
Италијанскиот премиер Матео Ренци веднаш по силниот земјотрес зборувал со челникот на службата за Цивилна заштита, Фабрицио Курчи.
Покрај со него, Ренци кој се враќа во Рим од посетата на Кампанија, разговарал и со првиот човек на областа Марка, Лука Черишоли, министерот за внатрешни работи Анџелино алфано и со заемникот министер на кабинетот на Советот на министри, Клаудио Де Винченти.
Поради земјотресот, италијанскиот државен железнички оператор „Ferrovie dello Stato“ (FS) соопшти дека донела одлука за запирање на возовите коишто одат кон зоната на земјотресот.
Ноќта кон 25-ти август земјотрес со магнитуда од 6 според Рихтер ја погоди централна Италија, кој беше проследен со серија афтершокови што резултираше со значителни уривања на малите стари градови во планинската област. Во стихијата загинаа речиси 300 луѓе, а повеќе од 400 беа повредени, додека над две илјади луѓе останаа без покрив над главата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.