Европа
Обама ги повика Британците да останат во ЕУ
Американскиот претседател Барак Обама кој ноќта во четвртокот допатува во Лондон, ги повика Британците да останат покрај своите сојузници во Европа и да помогнат на меѓународната борба против тероризмот, што би требало да ги убеди британските избирачи да гласаат за останување во Европската унија на референдумот кој ќе се одржи на 23-ти јуни.
Како што пренесуваат во петокот британските медиуми, освен политичките разговори за референдумот за останување или излегување на Велика Британија од Европската унија и за борбата против џихадистичката група Исламска држава, кои се во фокусот на политичката посета на американскиот претседател на Лондон, Барак Обнама го очекува и ручек со кралицата Елизабета Втора која во четвртокот го прослави 90-от роденден.
„Европската унија не го ублажува британското влијание, таа го зголемува. Силна Европа не е закана за британското глобално водство, таа го јакне британското глобално водство“, порача Обама во написот објавен во петокот во весникот Daily Telegrafph.
Посетата на американскиот претседател треба да оди во позла на британскиот премиер Дејвид Камерон кој ја води кампањата за останување на Обединетото Кралство во ЕУ пред јунскиот референдум,
„Дури и покрај тоа што сите го цениме нашиот суверенитет, нациите кои во тоа најуспешно учествуваат се оние кои тоа го прават заедно. Таквиот вид соработка, од споделувањето на разузнавачките податоци и борбата против тероризмот до договорот за создавање работни места и економски раст, ќе биде далеку поефикасен доколку се прошири ширум Европа“, напиша уште Обама во споменатиот текст.
Американскиот претседател Барак Обама, веројатно ќе предложи британските избирачи да се изјаснат за останување, за да се сочува „британското богатство, специјалниот однос со САД и единството на Западот“.
Американската влада, вклучително и многу тамошни банки и компании, стравуваат дека излегувањето на Британија од ЕУ ќе предизвика пазарни превирања, ќе го намали британското влијание, но и ќе ѝ нанесе штети на самата Унија и ќе ги поткопа заедништвото и безбедноста на Западот.
Во петта официјална посета во неговите два претседателски мандата, Обама придружуван од сопругата Мишел ќе се сретне со британската кралица Елизабета Втора која во четвртокот наврши 90 години, „Претседателот во минатото многу ги ценеше средбите со кралицата во минатото“, изјави Бен Родс, еден од неговите најблиски соработници за надворешна политика.
Претходно Родс во однос на британскиот референдум за ЕУ во Вашингтон изјави дека САД „го поддржуваат Обединетото Кралство во рамките на Европската унија“.
Иако има слабо влијание врз политиката, бидејќи не смее да зазема страни, британската кралица во текот на изминатите децении стана симбол на континуитетот и стабилноста, во периодот кога за време на нејзиното владеење се случија ослабувањето на британското царство, Студената воја и падот на Берлинскиот ѕид, а сега се одвива жолчната дебата за можното излегување на кралството од ЕУ.
По ручекот со кралицата, Обама ќе дојде на Даунинтг Стрит 10, на разговорот со британскиот премиер Дејвид Камерон./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.