Европа
ОБСЕ и истражителите стигнаа на местото на падот на малезискиот авион
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) објави во четвртокот, две седмици по уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина при што загинаа 298 луѓе, дека нејзините набљудувачи, заедно со австралиските и холандските експерти за авионски несреќи пристигнале од остатоците од авионот, но на патот до локацијата можеле да попаднат под оган, јавија бунтовниците од Донецк.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) објави во четвртокот, две седмици по уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина при што загинаа 298 луѓе, дека нејзините набљудувачи, заедно со австралиските и холандските експерти за авионски несреќи пристигнале од остатоците од авионот, но на патот до локацијата можеле да попаднат под оган, јавија бунтовниците од Донецк.
Офанзивата на украинската армија против проруските бунтовници кои ја контролираат областа на падот на авионот, досега ги оневозможуваше меѓународните експерти да ја започнат истрагата за падот на малезискиот „Boeing 777“ на летот од Амстердам до Куала Лумпур на 17-ти јули, пишува Reuters.
„Набљудувачите на ОБСЕ првпат по речиси една седмица првпат стигнаа до остатоците од МН17. Со нив се холандските и австралиските стручњаци. Дојдоа по нов пат“, објави ОБСЕ на Twitter.
Украинските власти, по инсистирање на владите на земјите коишто се најмногу заинтересирани за истрагата за падот на авионот, објавија во четвртокот дека ги прекинуваат нападите прекинуваат нападите во источниот дел од земјата за да може да им се овозможи на меѓународните експерти пристапот, но објави дека бунтовниците не престануваат со нападите.
Проруските сили, пак, демантира дека водат борбени дејствија во областа во близина на Донецк и како и претходните денови го обвинија Киев дека се обидува да ја заземе областа на несреќата, иако украинскиот претседател Петро Порошенко издаде наредба украинските сили да се сопрат во радиус од 40 километри од местото на несреќата.
На Facebook владата на Украина најави еднодневен прекин на огнот со образложение дека ќе го послушаат апелот на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун и да престанат со борбите на местото на падот на авионот, пренесува агенцијата DPA.
Малата извидничка мисија ќе го објави прелиминарниот преглед на областа, се вели во соопштението на холандската мисија. „Сега само прелиминарно ќе извршиме преглед на теренот за при следното доаѓање да можеме што побрзо да ја започнеме истрагата“ се вели во соопштението.
Повеќето меѓународни набљудувачи и експерти и натаму се наоѓаат во Донецк, главното седиште на бунтовниците во источна Украина. Тие на пат за местото на падот на авионот попаднале под оган, изјави членот на Советот за безбедност на самопрогласената Народна Република Донецк, Сергеј Кавтарадзе. „Имајќи предвид дека тие минуваа низ зона на воени дејствија, не може да се исклучи тоа (дека било стрелано врз мисијата)“, изјави за телевизијата Россия-24 одговарајќи на прашањето дали е запознаен за наводното гранатирање на членовите на експертскиот тим на ОБСЕ.
Кавтарадзе притоа истакна дека според информациите со кои располага „директно од набљудувачите на ОБСЕ“, „во моментот на истражувањето на местото на несреќата, се слушнале истрели од автоматско оружје“.
Според него, припадници на ткн милицијата на самопрогласената ДНР успеале да ги придружуваат експертите до местото на несреќата и „тие можеа да работат“. Тоа се случува „откако неколку дена експертите не може да дојдат до месото на падот на авионот, бидејќи украинските сили ја продолжија операцијата во зоната на падот на авионот, користејќи притоа тешка воена опрема“, истакна Кавтарадзе.
Истакна, исто така, дека украинските сили продолжуваат „да употребуваат оружје, односно фактички продолжуваат да го нарушуваат прекинот на огнот, наметнат од Советот за безбедност при ОН“. Според Кавтарадзе од страна на борците на ДНР „такви (борбени) дејствија не се преземаат, и тие имаат исклучиво одбранбен карактер“/ „Ние и претходно објавивме дека еднострано го прекинуваме огнот“, рече./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

