Контакт

Европа

Околу 35.000 луѓе ‘за’ и ‘против’ Pegida на улиците на Дрезден, пријавени судири

Објавено пред

Повеќе од 35 илјади приврзаници и противници на германското граѓанско движење Pegida (Европски родољуби против исламизацијата на Западот), коешто го критикува приливот на бегалци во земјата, се собираат во понеделникот во источногерманскиот град Дрезден, пренесуваат медиумите, додавајќи дека има судири и повредени меѓу демонстрантите од двата табора.

dobivaj vesti na viber

Според интернет страницата на весникот Saechsischer Zeitung, настрадал активист на Pegida и уште тројца други контра-демонстранти. Полицијата, меѓутоа, сé уште не ја потврдува оваа информација за повредени, но претходно потврди дека имало судири меѓу активисти двата табора.

Според телевизијата N-tv, на улиците на Дрезден има најмалку 30.000 луѓе. Весникот Saechsische Zeitung известува за најмалку 20 илјади луѓе во манифестацијата којашто ја закажа Pegida, којашто се одржува на Театарскиот плоштад во Дрезден, а студентската иницијатива Durchgezaehlt известува за повеќе од 14 илјади активисти противници на антиисламското движење. Основачот на движењето, Луц Бахман, изјави дека Pegida собрало околу 39 илјади луѓе.

Портпаролот на полицијата во Дрезден за агенцијата РИА одбил да го прецизира приближниот број учесници на неколкуте собири во центарот на градот, препорачувајќи ги процените на организаторите на собирите.

Движењето Pegida во понеделникот ја одбележува годишнината од почетокот на одржување на собирите на 20-ти октомври 2014 година во Дрезден, под мотото „против исламизацијата на Европа“, чија бројност со текот на времето од неколку илјади достигнаа и над 25 илјади, а одржувајќи се еднаш седмично се проширија и на другите германски градови.

Движењето по овој повод во понеделникот издаде манифест во кој се повикува на борба за заштита на христијанската култура, но истовремено и повикува на толерантност кон умерените муслимани. Поддржувачите на движењето, чии активности речиси беа замрени, во последно време се активираа во атмосфера на незапаметениот бран бегалци и имигранти во Германија, чиј број до крајот на 2015 година, според сите процени, далеку ќе ги надмине предвидените 800.000 луѓе, кои пристигнуваат најмногу од Блискиот исток, а ги има и од северна Африка и од Азија.

Агенцијата AFP пренесува дека приврзаниците на Pegida вееле германски знамиња и извикувале „Ние сме народот“, преземајќи го слоганот од протестите против комунистичката диктатура во поранешната Источна Германија кон крајот на 1989 година во престолнината на сојузната покраина Саксонија. Собирот на Pegida го обезбедуваат повеќе од 1.000 полицајци, кои дошле како засилување од другите делови на Германија.

Собирот минува во многу напната атмосфера, по саботниот напад со нож од невработен 44-годишен Германец врз кандидатката за градоначалничка на четвртиот по големина германски град Келн, 58-годишната Ханриете Рекер, кој инаку бил противник на политиките на „отворени врати“ за бегалците од страна на канцеларката Ангела Меркел чија партија ја поддржа Рекер. Кандидатката беше тешко повредена во вратот, и по операцијата закрепнува, а во неделата победи со 52 отсто од гласовите и стана градоначалничка на Келн.

На минатонеделните собири на Pegida еден учесник носеше бесилка со натписот „Резервирано за Меркел“ и „Резервирано за Габриел“ (вицеканцеларот Зигмар Габриeл, челникот на помалата партија во владејачката коалиција – Социјалдемократска партија на Германија – SPD – з.м.), а еден од челниците на движењето ја нарече канцеларката „најопасната жена во Европа“.

Германските власти поради тоа отворија истрага. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, непосредно пред почетокот на манифестациите во Дрезден во понеделникот вечерта, преку јавниот сервис ARD ги нарече организаторите на собирот на Pegida „радикални десничарски екстремисти“.

Претходно во понеделникот, канцеларката Меркел преку соопштение на нејзиниот кабинет ги повика Германците да не ги следат оние кои „ја носат омразата во срцето“, алудирајќи на вечерашниот собир на Pegida./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Фото) Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев

Објавено пред

Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.

„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четири години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на ‘пред’ и ‘после’. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.

Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев.

„Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичките Г8, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.

Претходно беше објавено дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така пристигнаа во Киев. Советот на Европа, исто така, ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина, потсетувајќи се на првите денови од војната, жртвите на руската агресија и силата на украинските војници и целиот народ.

dobivaj vesti na viber

Во видеото, тој ја покажа и внатрешноста на бункерот на улицата Банкова во Киев, од каде што им се јавил на светските лидери и побарал оружје во раните денови од војната.

„Денес се навршуваат точно четири години откако Путин го започна својот тридневен поход врз Киев. Самото ова многу кажува за нашиот отпор, за тоа како Украина се бореше цело време. Зад овие зборови стојат милиони наши луѓе. Зад овие зборови стои огромна храброст, неверојатно напорна работа, издржливост и долгиот пат по кој се движи Украина од 24 февруари“, рече Зеленски.

Во видеото, Зеленски ги покажа долгите ходници и канцеларии на бункерот каде што тој и стотици соработници одржуваа дневни воени брифинзи, телефонски повици и бараа решенија.

„Нашите луѓе не го кренаа белото знаме, туку го бранеа сино-жолтото. А окупаторите, кои мислеа дека тука ќе бидат пречекани од масите со цвеќиња, наместо тоа видоа редици пред регрутните центри. Нашиот народ избра отпор“, рече Зеленски.

„Нашите воини останаа непоколебливи, а цивилите ги бранеа градовите и селата, улиците и дворовите. Обичните луѓе буквално формираа човечки ѕидови, запираа колони од воени возила и заедно го покажаа единствениот правилен пат кон залутаната Русија“, се присети тој на првите денови од војната.

Тој, исто така, се потсети на првите жртви на руската агресија во Буча, Ирпин, Бородјанка, Мариупол и други градови, масовните гробници и нападите врз станбени згради и породилишта.

„Мажите не се борат вака. Луѓето не се однесуваат вака. Украинците нема да го заборават ова. Нека овие видеа ги видат сите што немаат грижа на совест, сите што сè уште му подаваат рака на руското зло и сè уште купуваат нафта од Путин“, рече претседателот.

Зеленски нагласи дека Украина поминала долг пат, од потпирање на донирани панцири до напредни системи како што се борбени авиони „Патриот“, „Ирис-Т“, „НАСАМС“ и „Ф-16“, како и сопствено оружје со долг дострел.

Украина денес произведува повеќе од 3 милиони беспилотни летала годишно, соборува стотици беспилотни летала „Шахед“ за една ноќ и е способна да спроведува големи операции.

Претседателот, исто така, им оддаде почит на паднатите украински бранители.

„Драги луѓе, силата што нè одржуваше сите овие години сте вие. Нашиот народ. Нашиот отпор сте вие. Украински мажи. Украински жени. Сите што не се откажуваат. Нашите очи можеби се уморни, но грбот не ни е скршен. Сакам да им се заблагодарам на сите што ја носат независноста на своите рамена. На секој воин за вашата сила. На вашите родители, вашите деца, вашите сопруги и сопрузи за нивната издржливост“, рече тој.

„Им се заблагодарувам на сите чија работа ја прави Украина посилна. На оние што враќаат светлина и топлина во нашите домови. На оние што лекуваат. На оние што волонтираат. На оние што предаваат. На оние што учат, на универзитети или во училишта, и кои го учат најважното нешто: да се биде човек, да бидат Украинци. Горд сум на вас. Верувам во секој од вас. Во сите вас на кои, без никакво претерување, имам чест да им кажам: Големи луѓе на голема Украина“, рече тој.

Тој додаде дека Украина се соочува со „најсуровата зима во историјата“, но дека „пролетта е за помалку од една недела“. „Путин не ги постигна своите цели. Тој не ги уништи Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да обезбедиме мир и правда“, заклучи Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лајен и Коста пристигнуваат во Киев на годишнината од инвазијата

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот, Антонио Коста, денес треба да пристигнат во Киев, каде што Украина ја одбележува четвртата годишнина од руската инвазија. Се очекува двајцата лидери на ЕУ да присуствуваат на комеморација со неколку европски лидери и да изразат солидарност со Украина.

dobivaj vesti na viber

Тие, исто така, планираат да посетат места оштетени од руските воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура. Сепак, посетата е во сенка на Унгарија и Словачка, кои ги блокираат новите санкции против Русија.

Унгарија, исто така, вчера стави вето на пакетот помош на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина, од кои 60 милијарди евра се наменети специјално за нејзина одбрана од руска агресија. Се смета дека двете земји имаат најблиски односи со Москва меѓу земјите-членки на ЕУ.

На меѓународно ниво, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер организираат видеоконференција на таканаречената Коалиција на волните, во која е вклучена и Германија, за да ја одбележат годишнината. Високи политичари од ЕУ собрани во Киев, исто така, ќе учествуваат на конференцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет34 минути

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет40 минути

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет51 минута

Перуанците избираат претседател: дебатата ќе трае шест дена бидејќи има 36 кандидати

Вкупно 36 кандидати за претседател на Перу ќе учествуваат во невидена телевизиска дебата што ќе се одржува во текот на...

Свет1 час

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет1 час

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија15 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија17 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ19 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија20 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија20 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија21 час

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија23 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија23 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија24 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет24 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет24 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...