Европа
Околу 700.000 Французи на маршевите на солидарност
Ден откако беше крваво завршена најголемата терористичка епизода во поновата француска историја, речиси 700 илјади луѓе во саботата спонтано излегоа на улиците во целата земја во спомен на седумнаесетте жртви на џихадистите, а во недела ќе се одржи историската ткн „републиканска“ поворка на солидарноста на која ќе учествуваат домашните политички елити и странски челници, а ќе биде обезбедувана од досега невидени безбедносни сили.
Учесниците на саботните собири во многу француски градови носеа во рацете моливи, насловни страници од сатиричниот неделник Charlie Hebdo кој беше цел на крвавите напади поради неговото објавување на карикатури на пророкот Мухамед што во исламот се смета за навреда, како и транспарентни со натписот „Сакаме да живееме заедно, слободни, еднакви и солидарни“.
Во Тулуз, во јужна Франција, на улиците излегле повеќе од 100 илјади луѓе, според процената на полицијата, а во Нант околу 75 илјади, пренесува AFP. Собирите за солидарност во саботата се одржуваа со извонредно големи безбедносни мерки, кои ќе го следат и неделниот „републикански марш“, кои поради големиот број странски политичари и вкупниот број учесници, се очекува околу милион луѓе, се најавува како историски.
Француската антитерористичка програма под назив „Vigipirate“ од средата веднаш по нападот врз весникот, беше подигнаа на највисокото ниво на „аларм поради атентатите“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во петокот предупреди дека „Франција не е готова со заканите“. Во видео пораката на еден од верските авторитети на терористичката организација Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQPA) во Јемен, Арит ал-Надари се закани со нови напади. „Нема да бидете безбедни се’ додека се борите против Алах, неговите гласници и верници“, рече.
Во поворката на светските челници во недела во Париз, покрај францускиот претседател Франсоа Оланд, ќе учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон, како и премиерите на Италија, Шпанија, Унгарија и Турција, односно Матео Ренци, Маријано Рахој, Виктор Орбан и Ахемт Давутоглу, украинскиот претседател Петро Порошенко. Најавено е и учеството на американскиот државен секретар Џон Кери и на неговиот руски колега Сереј Лавров.
Повеќе од 5.500 полициски позорникари и војници ќе бидат распоредени во неделата во француската престолнина Париз и во неговите приградски населби, од кои 2.200 директно ќе го обезбедуваат маршот во чест на жртвите на џихадистичките напади изминатите три дена, објави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казанев.
„Во оваа вонредна ситуација, ќе бидат сите и вонредни мерки за да се загарантира безбедноста на собирањето и почитувањето на јавниот ред“, изјави Казанев додавајќи дека на покривите од зградите по трасата по којашто треба да се движат учесниците во поворката ќе бидат распоредени „елитни снајперисти“.
„Французите во недела во голем број ќе ја изразат својата непоколеблива предаденоста на вредностите на Републиката, граѓанските слободи, во прв ред слободата на говорот, по крвавите напади врз сатиричкиот неделник Charlie Hebdo“, додаде Казанев./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.