Европа
Околу милион луѓе во Рим на протестот против новите реформи
Околу милион луѓе, според податоците на организаторите, од кои стотици илјади дојдени од сите делови на Италија, учествуваат на протестот на римскиот плоштад Сан Џовани или Латеранскиот плоштад кој треба да претставува кулминација на масовните демонстрации организирани од страна на Генералната конфедерација на трудот (CGIL) против политиките на владата на премиерот Матео Ренци, особено во сферата на реформите во намалувањето на заштитата на работниците од отказите во претпријатијата.
Учесниците на протестите пристигнале во италијанската престолнина со над 2.300 автобуси и стотици вонредни возови. Тие се движеа по улиците на Рим во повеќе колони од различни правци кои се споија на плоштадот, пренесува агенцијата TMNews. Манифестацијата на синдикатите која се одвива под слоганот „Работа, достоинство и еднаквост за промена на Италија“, започна во саботата со две поворки од две различни локации во Рим. Во поворките имало луѓе од различни возрасни и социјални групи, вработени и невработени, како и пензионери и студенти, пренесуваат италијанските медиуми. Поради бројноста на демонстрантите, сообраќајот во италијанската престолнина бил речиси целосно парализиран. Станува збор за прв голем протест против политиките на премиерот Матео Ренци од неговото стапување на должноста во февруари годинава. Протестот е првенствено насочен против намалувањето на заштитата на работниците од откази во претпријатијата за што Ренци веќе доби поддршка во Сенатот. Работници особено протестираат поради измените на постојните законски одредби со кои во претпријатијата со повеќе од 15 вработени им се дава посебна заштита од отказите. Премиерот Ренци истакна дека цел на овие мерки е да се направи пофлексибилен пазар на трудот во Италија.„Овој прв масовен протест е почеток на низата протести во Италија. Никој не смее да чепка во правата на вработените“, изјави претседателката на CGIL, Сузана Камусо, којашто ги предводеше протестите во Рим. На плоштадот Камусо побара од владата да „не се самозалажува“, додавајќи дека синдикатите ќе продолжат да излегуваат на улиците и плоштадите во сите градови за да ги претстават своите понуди. „Денеска не е последниот протест. Синдикатите ќе ги продолжат своите протести за промена на законот за работни места и против политиките на владата, вклучително и со организирање на штрајк на национално ниво“, порача Камусо од говорницата на Латеранскиот плоштад.Според неа, ткн закон за стабилност, кој ги дефинира основните параметри за државниот буџет во 2015 година, не е доволен во Италија да се сочува „рамноправноста“. Меѓутоа Ренци како челник на социјалдемократите нема намера да попушти пред барањата на синдикатите. „Ги почитуваме оние што протестираат, но едно мора да биде јасно: минаа времињата кога во Италија секој голем протест можеше да ја блокира владата или земјата. Не дозволуваме, ќе ја обновиме Италија“, порача премиерот Ренци пред одржувањето на саботните протести.Во почетокот на септември италијанскиот премиер Матео Ренци ја претстави својата програма за наредните три години којашто ја нарече „Илјада дни“, Клучните сфери на напорите на неговата влада ги дефинираше во реформата на трудовото законодавство, реформите во судството и институционалните реформи.Подоцна Ренци претстави уште еден план за реформи под притисок на влошување на економската ситуација во земјата. Според најновите објавени податоци, Италија во моментов се соочува со период на дефлација, и според мислењето на експертите, продолжува да се лизга во рецесија. Нивото на невработеност повторно е во пораст, особено меѓу младите која достигна до 42 отсто./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.