Европа
Оланд: Франција ќе се обиде со Русија да најде решение за бродовите ‘Мистрал’
Франција и Русија „во моментов преговараат за да изнајдат решение“ за спорот околу испораката на двата носачи на хеликоптери од типот „Мистрал“ на Москва, што Париз ја суспендираше поради западните санкции во врска со украинската криза, изјави во неделата францускиот претседател Франсоа Оланд.
„Тоа уште е предмет на разговори. Во моментов преговараме за да изнајдеме решение за излегување од кризата“, изјави претседателот Франссо Оланд за француската телевизија Canal+, неколку дена пред предвидената средба со рускиот колега Владимир Путин.
Оланд и Путин ќе се сретната на 24-ти април во Ерменија, по повод одбележувањето на 100-годишнината од масакрот врз Ерменците во Отоманската империјал, кој двете земји го квалификуваат како геноцид.
„Ќе видиме дали тоа во петок ќе биде тема на разговорите“, рече Оланд, одговарајќи на прашањето за случајот со воените бродови „Мистрал“ чие испорачување е запрено а Москва се заканува со тужба пред меѓународниот арбитражен суд, иако Париз тврди дека „условите за испораката не се остварени“.
Во четвртокот Путин изјави дека француското одложување нема важност за Русија, но дека во случај Франција дефинитивно да се откаже, ќе мора да ѝ ја надомести штетата. „Штетата којашто ја претрпевме мора да биде надоместена“, порача рускиот челник.
Договорот за продажба на двата носачи на хеликоптери на Русија беше склучен во јуни 2010 година, во време на претседателот Николас Саркози, и е проценет на 1,2 милијарди евра.
Франција во мај 2014 година соопшти дека ќе го разгледа договорот со Русија во октомври, но не претходно. Меѓутоа, француски дипломатски извори изјавија дека договорот со Русија од јуни 2011 година за продажбата на два носача на хеликоптери „Mistral”, со можност да продаде уште два, во висина од 1,2 милијарда евра, нема да биде дел од третиот круг санкции против Москва. Во меѓувреме Москва соопшти дека, како што беше планирана и заедничка изградба на ваквите пловила, може да ги изгради самата, бидејќи според договорот веќе ја поседува целата техничка документација.
Во моментов во бродоградилиштето во Сен-Назер привршува изградбата на носачот „Владивосток“ за руската воена морнарица кој требаше да биде испорачан до крајот на 2014 година и за кој Русија веќе обучи 400 морнари.
Вториот брод именуван „Севастопол“, според седиштето на руската Црноморска флота на полуостровот Крим, беше почнат со изградба во Санкт Петербург во јуни 2013 година а потоа беше пренесен во Сен-Назер каде што ќе биде довршен. Тој треба да ѝ биде предаден на руската морнарица до крајот на 2015 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

