Европа
Оланд не сака да се прават отстапки за Турција
Францускиот претседател Франсоа Оланд ја исклучи во саботата можноста на Турција да ѝ биде направена и најмала отстапка во врска со човековите права или визите за престој за нејзините граѓани во Европската унија во замена за гаранции за контролирање на приливот на мигрантите во Европа.
„Не смее да има отстапки во областа на човековите права или критериумот околу либерализацијата на визата“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд за новинарите во пресрет на продолжувањето на преговорите на самитот меѓу ЕУ и Турција на 17-ти и 18-ти март во Брисел.
Изјавата Оланд ја даде по завршувањето на состанокот во Елисејскиот дворец со петнаесетината социјалдемократски челници.
Нацрт договорот ЕУ – Турција, за мигрантите, скициран на првиот самит на 7-ми март, предизвикува во јавноста прашања поради неговата неспоивост со човековите права.
Обединетите нации во четвртокот ги оценија како „нелегални“ предвидените нелегални колективни протерувања, и со уште неколку земји членки на ЕУ изразија загриженоста поради можните компромиси со исламско-конзервативната влада во Анкара. Од нацртот договор загриженост, исто така, изрази и турската опозиција.
Замислен да даде одговор на хаотичниот прилив на бегалците кон северот на Европа, со планот се предвидува повторно примање во Турција на сите мигранти кои илегално влегле во ЕУ преку Турција, вклучително и сириски беглаци од војната, во замена за преземање на соодветен број регистрирани легални сириски бегалци.
Турција притоа бара дуплирање од три на шест милијарди евра финансиска компензација од ЕУ за прифаќање на бегалците од Сирија. Анкара, исто така, бара и до крајот на јуни да бидат укинати визите за нејзините државјани за влегување во ЕУ, како и отворање на нови пет поглавја во пристапните преговори за Унијата, кои се отворени уште во 2005 година./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

