Европа
Ослободен осомничениот за директна поврзаност со нападите во Брисел
Мажот за кој се веруваше дека е третиот на снимката од надзорните камери на аеродромот Завентен на која се и двајцата осомничени бомбаши самоубијци, пуштен е во понеделникот поради недостиг од докази.
Канцеларијата на белгискиот сојузен обвините соопшти дека е пуштен на слобода Фејсл Ш., додавајќи дека нема докази кои би го оправдале неговото натамошно задржување во притвор.
Белгиските медиуми претходно го идентификуваа притворениот како Фејсал Шефу, а извор близок на истрагата изјавил дека иследниците веруваат дека тој е мажот во бела јакна и црна шапка кој е снимен од надзорните камери.
Фејсал Шефу беше уапсен во четвртокот пред Палата на правдата во центарот на Брисел, откако се појави информацијата дека тој е третиот терорист од снимката на надзорните камери, оној во светлата јакна и со црна шапка на главата. Според податоците кои протекоа од истрагата, него го препознал таксист кој ги превезувал тројцата бомбаши на аеродромот, но тоа не е доволно и официјално да се потврди идентитетот на тоа лице.
Но според сé судејќи, дополнителните истраги покажале дека Фејсал Шефу не е човекот од снимката. Имено, претходно во понеделникот, белгиската полиција упати апел до очевидците да се обидат да го идентификуваат мажот од снимките на аеродромот покрај кој биле и двајцата за кои се верува дека се разнеле со експлозив. Полицијата наведе дека се чини оти третата личност ја оставил својата бомба, којашто не експлодирала и побегнал. Уште првиот ден од истрагата, веднаш по нападот, беше објавено дека во терминалот за полетувања биле пронајдени автомат „калашников“ и појас со експлозив какови што носат бомбашите самоубијци.
Во меѓувреме, белгиската министерка за здравство, Маги Де Блок, објави на Twitter дека 96 лица и натаму остануваат во болниците по бомбашките напади од 22-ри март во Брисел кога загинаа 35 лица, меѓу кои и тројцата напаѓачи. „Вкупно 96 лица се уште се во болниците: 93 во Белгија, две во Франција и една е на пат за САД“, напиша Де Блок.
Досега се идентификувани 28 лица убиени во терористичките напади, во кои беа ранети и повеќе од 300 луѓе. На аеродромот се идентификувани 15 лица, меѓу кои се шест државјани на Белгија, а деветмина се од други земји, објави кризниот штаб. Меѓу 13-те мртви во нападите во метрото, десет се државјани на Белгија, а тројца се странци.
Освен Белгијци, жртвите се од Велика Британија, Италија, Кина, Холандија, Франција, Германија, Шведска, како и од САД, кои во неделата вечерта потврдија дека во Брисел се убиени четворица американски државјани./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.