Европа
Осомничениот за париските напади Абдеслам во август бил во Италија

Осомничениот како една од централните фигури во терористичките напади од 13-ти ноември во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, Салах Абдеслам во август годинава патувал низ Италија со пријател, но неговото присуство во оваа земја не го привлекло вниманието на полицијата бидејќи во тоа време по него не беше издадена потерница, изјави во понеделник извор близок на истрагата.
Државното обвинителство во јужниот италијански град Бари одвоено покрена истрага за лицата за кои постојат сомневања дека се исламистички милитанти кои на пат за Грција минале низ пристаништето Бари околу пет пати во периодот меѓу февруари и август годинава, изјавил за Reuters друг извор близок на истрагата.
Се чини дека оваа истрага не е поврзана со париските напади, додал изворот. Државните обвинители се сомневаат дека милитантите, користејќи фалсификувани документи патуваат до Сирија преку Италија.
Овие два случаи покажуваат дека постојат проблеми во собирањето разузнавачки информации во 28-те земји членки на Европската унија, каде безбедносните сили во секоја земја работата независно и имаат поинакви приоритети.
Абдеслам, чиј брат Брахим се разнесе во Париз, е белгиски државјанин, па затоа мое слободно да патува низ земјите од Шенгенскиот простор во кој нема гранични контроли./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
95-годишна италијанска филмска дива во трка за Сенатот

Италијанската филмска икона Џина Лолобриџида ќе се кандидира за Сенатот следниот месец, неколку недели откако го прослави својот 95-ти роденден, јавува Си-Ен-Ен.
На изборите кандидатот на Суверена и Народна Италија ќе биде во градот Латина.
– Уморен сум од политичари кои меѓусебно се расправаат и никогаш не стигнуваат до поентата – изјави во неделата филмската дива за Corriere del Serra. – Ќе се борам луѓето да одлучуваат, од здравство до правда. Италија е во лоша состојба. Сакам да направам нешто добро и позитивно.
Иако имала „почит“ за работата на поранешниот италијански премиер Марио Драги, Лолобриџида вели дека не се согласувала со неговата политика. Таа решила да започне изборна кампања откако разговарала со адвокат.
Лолобриџида во разговорот изјавила дека е „добра пријателка“ со Индира Ганди, која била првата жена премиер на Индија.
– Ќе се гледавме секогаш кога ќе дојдеше во Рим. Таа беше извонредна жена.
Лолобриџида се приклучи на Булеварот на славните во Холивуд во 2018 година,пренесе Телеграф.рс.
Европа
Естонија ги затвора границите за руските граѓани

Естонија оваа недела ќе ги затвори границите за повеќе од 50.000 Руси на кои претходно им биле издадени визи, со што ќе стане првата земја во Европската унија што ќе спроведе мерки кои имаат за цел да го отежнат влезот на обичните Руси во ЕУ.
Русинката Ана, која како и многу Руси секојдневно ја минува границата во естонскиот град Нарва, е загрижена дека повеќе нема да може да доаѓа во Естонија за да ги посети гробовите на своите роднини, пренесува Ројтерс.
„Се надеваме дека нашите земји ќе постигнат компромисно решение. Можеби ќе се договорат за нешто. Се држам настрана од политиката, но бидејќи моите роднини се закопани овде, би сакала да можам сепак да дојдам“, рече Ана и рече дека обичните луѓето не можат да решат ваков проблем,пренесе Танјуг.
Европа
Возач се онесвестил зад воланот, автомобилот возел сам 25 километри

Автомобил со онесвестен возач во неделата поминал повеќе од 25 километри на автопатот пред полицијата да успее да го запре.
Автомобилот имал вклучен темпомат и систем за одржување на лента. Очигледно, рацете на возачот останале на воланот, па системот бил активен, објавува Ревија ХАК.хр, пренесува Н1.
Инцидентот се случил на автопатот Е314 во северна Белгија. Возачите кои се движеле по автопатот забележале дека возилото „рено клио“ се движи лево-десно во сообраќајната лента и ја известиле полицијата.
Полицијата утврдила дека зад воланот има онесвестен маж и се обидела да го запре возилото.
Возачот во несвест бил пренесен во болница. Неговата здравствена состојба не е позната,пренесе Денес.рс.