Контакт

Европа

Паоло Џентилони нов шеф италијанската дипломатија

Објавено пред

Поранешниот италијански министер за телекомуникации Паоло Џентилони е новиот шеф на дипломатијата откако досегашната министерка за надворешни работи Федерика Могерини е именувана за висока претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, објави во петокот владата во Рим.
 

dobivaj vesti na viber

Поранешниот италијански министер за телекомуникации Паоло Џентилони е новиот шеф на дипломатијата откако досегашната министерка за надворешни работи Федерика Могерини е именувана за висока претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, објави во петокот владата во Рим.

 

Федерика Могерини, којашто на должноста висока претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика ја замени Кетрин Ештон, во петокот официјално направи примопредавање на функцијата министер за надворешни работи на Италија, на 59-годишниот Паоло Џентилони.

Џентилони важи за искусен политичар од левиот центар на италијанската политичка сцена. Поранешен новинар и активист за заштита на човековата околина, родум од Рим, во 2011 година беше избран во италијанскиот парламент од листата на партијата Маргерита којашто во меѓувреме се претопи во Демократската парија на сегашниот премиер Матео Ренци. Џентилони во 2006 година, во втората влада на Романо Проди беше министер за телекомуникации. Во 2007 година беше еден од основачите на сега владејачката Демократска партија и го сметаат за човек од доверба на премиерот Ренци.

За местото шеф на италијанската дипломатија по заминувањето на Могерини имаше повеќе кандидати. Се шпекулира дека Ренци имал намера повторно да именува жена на оваа функција, но претседателот на државата Џорџо Наполитано ги одбил сите предложени кандидатки./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

(Видео) Фицо: Размислуваме за возвратни мерки доколку Украина го запре протокот на руски гас

Објавено пред

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, рече дека земјата ќе размисли за реципрочни мерки против Украина, како што е прекинување на резервната испорака на електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев го запре транзитот на руски гас за Словачка, според очекувањата.

dobivaj vesti na viber

Словачка се обидува да го задржи рускиот гас преку Украина до 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва кој истекува на крајот на годината.

Фицо тврди дека алтернативните рути нагло ќе ги зголемат трошоците и ќе ги погодат словачките транзитни операции, предизвикувајќи загуба од 500 милиони евра во такси. Во денешната видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо го повтори своето мислење дека прекинот на гас преку Украина ќе има негативно влијание врз Европската унија и нејзината конкурентност.

Тој ги наведе проценките дека трошоците за Унијата би можеле да достигнат 120 милијарди евра во периодот од 2025 до 2026 година поради повисоките цени на гасот и производството на електрична енергија. Тој ја препиша вината на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого имаше јавна полемика минатата недела.

„По 1 јануари ќе ја процениме ситуацијата и можностите за реципрочни мерки против Украина. Доколку стане неизбежно, ќе го прекинеме снабдувањето со електрична енергија на Украина“, рече Фицо во видеото.

Украина објави дека од 1 јануари ќе го запре протокот на руски гас низ нејзината територија. Словачка тврди дека овој потег нема да влијае на потребите на нејзините потрошувачи поради капацитетот за складирање, додека главниот купувач на гас во земјата, компанијата „СПП“, има договори за купување гас од извори надвор од Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус

Објавено пред

Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.

Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.

Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.

Прикажи повеќе...

Европа

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Објавено пред

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.

dobivaj vesti na viber

Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.

Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.

Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.

Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет2 часа

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија15 часа

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија16 часа

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија21 час

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија21 час

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија22 часа

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија23 часа

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија24 часа

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет24 часа

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет1 ден

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет1 ден

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет1 ден

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет1 ден

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Свет1 ден

Почина поранешниот индиски премиер

Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија...

Македонија2 дена

Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“

Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за...

Македонија2 дена

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од...

Македонија2 дена

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор на параполициска воена формација и ме следеле физички

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните...

Македонија2 дена

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...