Контакт

Европа

Париз: Идентификуван уште еден напаѓач

Објавено пред

Француските власти го соопштија името на вториот бомбаш самоубиец кој учествувал во крвавите напади во Париз од петокот вечерта, како Исмаил Омар Мостефај, француски државјанин од париското предградие Куркуроне, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Исмаил Омар Мостефај, како што пишува на својата страница на Facebook членот на францускиот парламент и градонашалник на Шартр, Шјер Жорж, во ова гратче осомничениот живеел најмалку до 2012 година.Претходно дневниот весник Le Figaro, објави дека еден од напаѓачите е идентификуван како Абдулакбаке Б и за него медиумите не пренесуваат повеќе детали,Се смета дека Мостефај е еден од тројцата бомбаши самоубијци кои влегоа во концертната сала „Bataclan“ каде што според официјалните податоци се убиени најмалку 89 луѓе.  Според иследниците, Мостефај бил идентификуван со помош на отпечатоци од прстите.Се смета дека Мостефај минал неколку месеци во Сирија во текот на зимата 2012/2013 година. Роден е на 21-ви ноември 1985 година и има двајца браќа и две сестри. Се сомнева дека еден од неговите браќа е исто така напаѓач во концертната сала, но тоа е потврдено од истрагата.Полицијата претходно ноќта кон неделата, привела татко и брат на еден од осомничените за нападите, и извршила претрес во нивните домови. Исто така, се појави и информација дека крај тело за коишто се смета дека е на еден од бомбашите самоубијци крај парискиот стадион „Stad des Franceво“ е пронајден сириски пасош. Првично беше објавено дека благодарение на тоа бил идентификуван третиот напаѓач, но набрзо телевизиската мрежа CBS News објави повикувајќи се на извори во американското разузнавање дека патната исправа можеби е фалсификувана./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

„Фајненшл тајмс“: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен

Објавено пред

Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Објавено пред

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.

ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.

„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.

Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.

Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.

Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.

Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Објавено пред

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.

Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.

Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.

Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија13 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ17 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија19 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија20 часа

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија20 часа

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ21 час

Расчистен случај со лажна сообраќајна несреќа во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа22 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат ‘миг-31’“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет22 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа22 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет23 часа

(Видео) Трамп му се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет24 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет24 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламската држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија1 ден

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија2 дена

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија2 дена

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ2 дена

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...