Европа
Париз: Идентификувани 103 тела, сé уште нема конечна листа на жртвите
Идентификувани се телата на 103 луѓе убиени во атентатите во Париз во петокот навечер, а меѓу 20 и 30 сé уште, изјави во неделата францускиот премиер Мануел Валс.
„Телата на 103 лица се идентификувани, а преостанатите меѓу 20 и 30 ќе бидат идентификувани во текот на денот“, прецизираше премиерот Валс по средбата со семејствата на жртвите.Валс ја повторни официјалната бројка за најмалку 129 убиени во терористичкиот масакр во француската престолнина и повеќе од 350 ранети.Претходно беше објавено дека две од жртвите се Мексикански кои имале двојни државјанства, едната имала шпански пасош а другата двојно мекисканско-американско државјанство. Мексиканскиот амбасадор во Франција, Аугустин Гарсија-Лопез изјави дека станува збор за млади жени, но одбил да го соопшти нивниот идентитет. Додаде дека третиот мексикански државјанин со двојно мексиканско-австриско државјанство, кои бил нападот бил повреден, успешни е опериран и закрепнува.Во неделата новинската агенција Europa Press, повикувајќи се на дипломатски извори соопшти дека се идентификувани четири шпански жртви во париските атентати. Според агенцијата, станува збор за Хорхе Алонсо де Селада и Алберто Пардо Тоуседа. Една од жртвтие, Мишел Гил Хаимес имала двојно државјанство, на Мексико и на Шпанија. Претходно во саботата шпанската вицепремиерка Сораја Сајнц де Сантамарија соопшти дека 29-годишниот Хуан Алберто Гонзалес Гаридо, бил убиен во самоубиствениот напад во салата „Batalcan“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Маскирани лица пукаа со „калашникови“ во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага
Белгиската полиција трага по вооружени лица кога беше пријавено пукање во една од метро-станиците во белгискиот главен град.
На снимката од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи, кои носат фантомки и пукаат од пушки од типот „калашников“ на влезот од станицата Клемансо во Брисел во раните утрински часови.
Федералната полиција, како и железничката полиција и други единици, повикаа засилување во областа.
La vermine gangrène #Bruxelles. Le Gouvernement Arizona va prendre les mesures pour nettoyer les rues. Ce sont les bandes criminelles et les racailles qui doivent avoir peur. Vous n’aurez pas une seconde repos.
Pendant ce temps, certains estiment ne pas devoir faire un… pic.twitter.com/z3VmRdO30y— Georges-L BOUCHEZ (@GLBouchez) February 5, 2025
Според првичните информации, нема повредени.
Портпаролката на бриселската полиција, Сара Фредерикс, рече дека осомничените побегнале во метро-станицата и можеби сѐ уште се во тунелите на метрото.
Таа додаде дека во престрелката нема повредени. Локалната полиција и федералната железничка полиција ја пребаруваат областа.
Станицата Клеменсо е затворена, како и блиската станица Брисел-Миди, која служи и како терминал за возовите на „Евростар“.
Европа
Папата Франциско повторно тешко настинат: „Ве молам, простете ми, тешко ми е да зборувам“
Папата Франциско не ја прочита својата порака до аџиите на денешната општа аудиенција поради силната настинка.
Франциско (88) во последните две години неколкупати страдаше од грип и поврзани респираторни проблеми. „Ве молам, простете ми, но со толку лоша настинка тешко ми е да зборувам“, кусо рекол Франциско.
Подготвената порака на присутните им ја прочитал еден од неговите помошници. Иако зборуваше малку, папата остана присутен во текот на едночасовната аудиенција.
Покрај респираторните проблеми, папата има тешкотии и во движењето поради болните колена, а неодамна двапати падна во својата резиденција во Ватикан, при што во декември си го повреди образот, а овој месец раката.
Европа
Извршена обдукција на телото на хрватскиот фудбалер: утврдена причината за смртта на Јаков Јелкиќ, истрагата продолжува
Во шпанскиот град Аликанте беше извршена обдукција на телото на Јаков Јелкиќ (24), хрватски фудбалер, чие тело беше пронајдено во морето по исчезнувањето ноќта меѓу петокот и саботата.
На телото не се пронајдени траги на насилство, па полицијата претпоставува дека тој починал бидејќи ноќта паднал во студеното море под дејство на алкохол, објави „Јутарњи лист“.
„Претпоставуваме дека се работи за несреќен случај“, изјавил на телефон портпаролот на полицијата од Аликанте за „Хина“. Полицијата претходно одржа прес-конференција во овој крајбрежен град во југоисточна Шпанија.
За време на обдукцијата, во неговите бели дробови била пронајдена морска вода, па истражителите заклучиле дека Јелкиќ починал од давење.
„На телото немаше траги на насилство, а со оглед на неговата шема на одење снимена на камерите заклучивме дека паднал во морето. Морето е студено во овој период од годината, а тој беше сам“, рече портпаролот и продолжи:
„Истрагата ќе ја продолжиме бидејќи обдукцијата на телото е само дел од неа. Сите наоди ќе бидат анализирани, но од сѐ досега познато се чини дека станува збор за несреќен случај.
Encuentran el cadáver del jugador croata Jakov Jelkic en el puerto de Alicante https://t.co/AWX6iACytz
— El Confidencial (@elconfidencial) February 4, 2025
Јелкиќ, хрватски фудбалер на швајцарски второлигаш, минатата недела со соиграчите беше во Аликанте, каде што претходно одиграа натпревар.
Играчите во петокот вечерта биле во ноќен клуб, а потоа се упатиле кон хотелот. Јелкиќ се вратил во клубот да си ја земе јакната, а надзорните камери го снимиле како заминува сам околу 2.30 часот. Неговите соиграчи изутрината не го нашле во хотелската соба, па го пријавиле за исчезнат.
Неговата сестра Јања со емотивна порака се прости од својот брат.
„Брату, единствено мое, мое око, мој ангел. Пробав сѐ, но не можев! Те сакам засекогаш! Добро момче, почивај во мир божји“, напиша таа.