Европа
Pegida го организира првиот протест во Велика Британија
Германското граѓанско движење Родољубиви Европејци против исламизирањето на Западот (Pegida) коешто се противи на масовните доселување од земјите од Блискиот исток во Европа, во сабота на 28-ми февруари во Њукасл ќе го организира својот прв протест во Велика Британија, потврдија во петокот организаторите и локалната полиција.
Малку помалку од 600 луѓе во петокот веќе објавија дека имаат намера да учествуваат на оваа манифестација, соопшти Pegida UK (во Велика Британија) на својата страница на Facebook.
Собирот во Њукасл, град со 280 илјади жители, ќе се одржи малку помалку од два месеца пред парламентарните избори во Велика Британија.
„Мирниот“ собир во локалниот печат беше најавен уште минатата седмица, а од Pegida UK тврдат дека не се поврзани со никакви екстремни десничарски организации. Сепак, на социјалните мрежи надвладува загриженоста дека британски екстремистички движења и организации планираат да му се приклучат на маршот на споменатото движењето
Во петокот контроверзниот британски пратеник од Брадфорд, Џорџ Галовеј, го повика министерството за внатрешни работи да ја забрани „бандата силеџии кои му припаѓаат на антисиламското движење“ кои ќе се соберат во центарот на Њукасл. Тој за весникот Chronicle изјави дека планира да организира контра-митинг против Pеgida UK.
Галовеј кој е припадник на малку познатата партија на почитувањето (Respect Party) и поддржувач на барањата на Палестинците за сопствена држава вели дека „ќе стојам заедно со стотици други антифашисти кои ќе протестираат против оваа голема провокација на Pegida којашто е наменета само да разбуди расна омраза“.
„Знам дека полицијата има ограничена моќ за справување со ваквите маршеви, но министерството за внатрешни работи има сила во зародиш да го прекине со забрана ова собирање на силеџиската банда на улиците на Њукасл“, вели во изјавата Галовеј.
Според него, „слободата на говорот има свои граници“. „Не можете да викнете ’пожар’ во преполна кино сала, никој не смее расно да злоупотреби или на друг начин да загрози друго лице без правни последици. Затоа јас не прифаќам Pegida, којашто е отворено расистичка партија од странство, да предизвика ерупција на омразата на нашите улици“, додава британскиот пратеник.
Како одговор на најавите, мултукултурното здружение Њукасл Јунитс, соопшти дека истиот ден, на 28-ми февруари ќе организира контра манифестација. „Не го сакаме ова движење во Њукасл. Овој вид исламофобија не ни е потребна, и нема да ја толерираме“, изјави за британските медиуми претставникот на движењето Хауард Дикинсон.
Од 20-ти октомври во источногерманскиот град Дрезден секој понеделник навечер се одржуваат сé помасовни собири на движењето Pegida од кои најмасовен со 25 илјади учесници беше протестот на 12-ти јануари, пет дена по исламистичките терористички напади во Париз кога беа убиени 17 луѓе.
Движењето започна да се шири по Европа, но во Германија се забележува стагнирање на приливот на приврзаници, откако во тамошниот печат беше објавено дека соосновачот на движењето, 41-годишниот Луц Баухман, бил осудуван поради провала и беше објавена негова фотографија маскиран во водачот на германските нацисти Адолф Хитлер. Баухман негира дека е расисти или противник на муслиманите, туку е против политиките коишто, според него, доведуваат до губењето на германскиот идентитет, но сепак мораше да поднесе оставка./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.