Европа
Пет жени починаа на породување во една недела во Италија
Министерот за здравство на Италија нареди истрага откако пет жени починаа при породување во седум дена, што ја шокираше земјата која има еден од најниските стапки на морталитет во светот.
Смртта на петте жени се случила во период од 25 до 31 декември.Поради тоа, се отвора прашањето дали тоа се случило поради грешка на медицинскиот персонал или дали мајките кои се повозрасни биле следени соодветно за време на бременоста.Последниот случај на Џована Лаѕари на возраст од 29 години, мајка на две деца била во осмиот месец од бременоста, а почина на новогодишната вечер во Бреша, во северна Италија, еден ден по нејзиниот прием во болница со висока температура и симптоми на гастроентеритис, според нејзиниот партнер Роберто Копини.Докторите направиле царски рез, но не биле во можност да го спасат бебето, ниту мајката.„Во неколку часа го изгубив бебето и неговата уникатна мајка. Некој мора да ми каже што се случи“, вели Копини. „Џована ми прати порака во која вели дека има страшни болки но дека докторите не обрнувале внимание на неа. На 1 јануари ќе наполнеше 30 години. Беше млада и здрава“.Министерот за здравство Беатриче Лоренцин, испрати тим од експерти да откријат што се случило во клиниката во Бреша и за уште три од четири смртни случаи.„Мора да разбереме дали препорачаните процедури биле следени или има некои организациони пропусти“, вели Лоренцин. „Приоритет е де се идентификуваат грешките и да се спречат други трагедии“.Во два други случаи, каде мајките биле на возраст од 35 и 39 години доживеале инфаркт за време не породувањето.Ана Масињан, 34-годишна докторка од Лониго, близу Венеција, почина на католички Божик, за време на царски рез во осмиот месец од бременоста, откако паднала дома. Синот го родила жив, но починал по неколку часа.Еден случај кој не е испитан е за 23-годишна жена од Фоџа, која била пред породување, но починала ненадејно дома. Лекарите направиле царски рез по смртта и ја спасиле нејзината ќерка.Познат гинеколог кој го контактирале медиумите, вели дека иако не е запоснат со конкретните случаи може трагедиите да се случиле поради неадекватен скрининг на ризиците од тромбоцити или проблеми со срцето, кои се зголемуваат во поодмината бременост.„Доколку се направат тие превентивни прегледи може да спасиме многу родилки на боксот за раѓање. Но, министерството за здравство не ги бара тие прегледи, како задолжителни, затоа што се многу скапи“, вели докторот за La Repubblica.Според податоците од Светска Банка, Италија има просек од четири смртни случаи на жени кои починале при породување на 100.000 живородени од 2004 година наваму, што ја прави една од најбезбедните земји за добивање дете./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.