Европа
Победа на владејачкиот десен центар на изборите во Португалија

Владејачката во Португалија коалиција на десниот центар победи на општите избори во неделата со освоени меѓу 36,4 и 43 отсто гласови, покажуваа излезните анкети кои на опозициските социјалисти им даваа меѓу 29,5 и 35 отсто од гласовите.
Двете излезни анкети, на Универзитетот Католика за телевизијата RTP и на Интеркампус за телевизијата TVI покажаа дека владејачката десна коалиција на премиерот Педру Пасуш Куељо во 230-члениот парламент може да освои меѓу 108 и 118 мандати, што значи дека има шанси да оствари апсолутно парламентарно мнозинство,
Португалците во неделата гласаа по четирите години строго штедење, за да одлучат дали мандатот повторно ќе ѝ го дадат на владејачката коалиција на Социјалдемократската партија (PSD) од десниот центар и десницата CDS, која е гарант за спроведување буџетска дисциплина, или ќе одберат умерена промена која ја најавуваа опозициските социјалисти кои ги води 54-годишниот градоначалник на престолнината Лисабон Антониу Кошта.
Меѓутоа, доколку се покажат точни резултатите од испитувањата на јавното мнение и ниеден од двата табора не освои апсолутно мнозинство во парламентот, постои опасност од политичка блокада, што би можело да ѝ донесе штети на оваа членка на Европската унија која мината 2014 година излезе од програмата за финансиска помош.
По строгите штедења в Португалија се создадоа услови за економско закрепнување. Тоа беше и адутот во кампањата на Педру Пасуш Куељо, либерален центрист, кој истакнуваше дека ја извлекол земјата од најтешката криза во нејзината историја. Тој на власт дојде во 2011 година, откако неговиот претходник социјалистот Жозе Сократеш веќе побара помош во износ од 78 милијарди евра од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Португалците беа принудени на дотогаш невидени мерки на зголемување на даноците и кастрење на платите, по што земјата успеа да го покрене растот и да ја намали невработеноста на 12 отсто во однос на 17,5 проценти на почетокот од 2013 година. Но благодатите од овие економски движење не ги почувствува просечниот Португалец, бидејќи секој петти живее под прагот на сиромаштијата, со помалку од 5.000 евра годишни./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца

Дваесет и едногодишен маж избол тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откога претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Европа
Данска го презема претседавањето со Европската Унија

Данска денес го презема од Полска ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија.
Се очекува владини претставници од Копенхаген да претседаваат со бројни министерски состаноци во текот на следните шест месеци и да дејствуваат како медијатори во споровите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ.
Тематски, Данците сакаат да се фокусираат на заеднички проекти за вооружување против заканата од Русија и зголемена конкурентност во рамките на ЕУ под мотото „Силна Европа во светот што се менува“.
Тие, исто така, се надеваат дека ќе ги унапредат законските проекти за борба против несаканата миграција и климатските промени.
Главните предизвици за данското претседателство веројатно ќе бидат тековната унгарска блокада на Украина во преговорите за пристапување кон ЕУ и трговскиот спор со Соединетите Американски Држави.
Се закануваат дополнителни спорови околу финансиските прашања, бидејќи дискусиите за долгорочниот буџет на ЕУ од 2028 до крајот на 2034 година треба да започнат во наредните месеци.
Ставовите на земјите-членки варираат во голема мера. На пример, Германија, како нето придонесувач, се спротивставува на зголемувањето на буџетот, кој неодамна изнесуваше повеќе од еден билион евра.
Европа
Русите целосно го окупираа регионот Луганск: руски гувернер тврди дека е така

Русија целосно ја презеде источната украинска покраина Луганск, објавија вчера окупаторските власти.
Извештајот за целосното преземање дојде пред два дена, изјави на руската државна телевизија гувернерот на регионот назначен од Москва, Леонид Пашечник.
Досега нема потврда од Киев.
Министерството за одбрана во Москва, исто така, сè уште не извести за целосната окупација на Луганск. Сепак, во минатото, официјалната потврда од Москва обично доаѓаше кратко време по извештаите за успех од локалните окупациски власти.
Источниот украински регион Луганск веќе беше под делумна контрола на сепаратистите поддржани од Москва во 2014 година. На почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година, Русите успеаја да го освојат поголемиот дел од регионот во рок од неколку месеци.
За време на нивната контраофанзива на есента 2022 година, Украинците успеаја да ги вратат некои области во северен Луганск. Сепак, неодамна држеа само неколку квадратни километри територија.
Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека украинските региони Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон, заедно со Крим, кој беше анектиран во 2014 година, се целосно руска територија.