Контакт

Европа

Почина Шалк-Голодковски, источногерманскиот мајстор за цврста валута

Објавено пред

Човекот кој го убедил конзервативниот челник на Западна Германија во периодот на Студената војна да ја спаси комунистичка Источна Германија од несолвентност, почина во Баварија каде што побегна по падот на Берлинскиот ѕид.

dobivaj vesti na viber

Во 1983 година Александер Шалк-Голодковски го уверил тогашниот премиер на Баварија, Франц Јозеф Штраус, жесток антикомунист и поранешен министер за одбрана, да одобри заем од милијарда западногермански марки за Источна Германија којашто била на работ од банкрот.

Како челник на источно германскиот одел Kommerzielle Koordienierung (КоКо), Шалк-Голодковски, кој бил под контрола на злогласната источногерманска тајна служба Штази, собрал околу 25 милијарди марки за комунистичката држава пред нејзиниот пад во 1989 година, вклучително и од продажбата на политичките затвореници. Западна Германија платила за ослободувањето на 34.000 луѓе затворени поради кривични дела, како што биле обидите за бегство на Запад.

„Александер Шалк-Голодовски почина на 21-ви јуни, само неколку дена пред својот 83 роденден, во минхенската болница по долгата борба со карциномот“, објави неговиот издавач.

„Како заменик министер за надворешна трговија во Источна Германија, тој беше еден од тајните преговарачи за германско-германските односи. Неговото успешно работење на челото на КоКо му го донесе прекарот Набавувач на странска валута (Devisenbeschaffer)“, се додава во соопштението.

Шалк-Голодковски побегна во Западен Берлина со својата сопруга во декември 1989 година и според извештаите наводно соработувал со западногерманската разузнавачка служба БНД. Своевремено изјави дека побегнал од Источна Германија, бидејќи таму му бил загрозен животот./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Украинските амбасади во неколку европски земји добија пакети со животински очи

Објавено пред

Неколку украински амбасади во неколку европски земји примиле пратки со животински очи, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Претходно, серија писма бомби беа испратени на неколку локации во Шпанија вклучувајќи ја и украинската амбасада, објави „Ројтерс“.

Овој пат пратките пристигнаа на адресите на украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, како и на генералните конзулати во Неапол, Краков и Брно.

Прикажи повеќе...

Европа

Се обидела да ја исклучи машината за кислород на „цимерот“ во болница, бучавата ја нервирала

Објавено пред

Во вторникот, лекари во германскиот град Мајнхајм мораа да оживеат седумдесет и девет годишен пациент на кого 72-годишна пациентка му го исклучила апаратот за терапија со високопроточен кислород.

dobivaj vesti na viber

Причината зошто го направила тоа е прилично бизарна. Очигледно, ѝ пречела бучавата што ја правел уредот за време на работата.

Според полицијата во Мајнхајм, пациентите биле во иста просторија. Со оглед на тоа што на 72-годишната жена и пречела бучавата што ја произведува кислородниот уред, таа одлучила да го исклучи, пишува списанието „Феникс“.

По првиот обид, болничкиот персонал го предупредил пациентот дека снабдувањето со кислород на 79-годишникот е многу важно, но жената сепак го исклучил апаратот набргу по предупредувањето.

Според полицијата и обвинителството, 72-годишната жена во моментов е во притвор и се товари за обид за убиство.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Божиќен камион „кока-кола“ се запали во Романија

Објавено пред

Камион „кока-кола“, украсен со божиќни украси, се запалил додека се возел по фреквентен пат во главниот град на Романија, Букурешт, пишува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Засега не е познато зошто избувнал пожарот.

Возачот успеал да излезе од возилото пред да биде зафатено во пламен.

Пожарникарите бргу го изгаснале пожарот и нема информации за повредени.

Компанијата за безалкохолни пијалаци изјави за локалните медиуми дека презема мерки за да спречи понатамошни инциденти од слична природа, пренесе „Индекс.хр“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...

Свет2 часа

Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Патниците во авионите во ЕУ наскоро ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот без да го вклучат...

Економија2 часа

Објавена листата на најскапите градови во светот

Њујорк и Сингапур се рангирани како најскапи градови во светот, според годишното истражување на глобалните трошоци за живот на Economist...

Македонија2 часа

Османи одржа предавање на колеџ во Варшава: „Нема место за агресија во Европа во 21. век“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин во Варшава, следствено по учеството...

Свет3 часа

Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден: Засега не планира да се среќава во Путин

Белата куќа ја појасни изјавата што американскиот претседател Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не...

Свет3 часа

Британскиот министер: Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на војската пред да почне со нова...

Свет3 часа

Зеленски тврди дека од руско заробеништво се ослободени повеќе од 1.000 украински војници

Повеќе од илјада Украинци беа ослободени од руско заробеништво за време на војната, рече Володимир Зеленски. Украинскиот претседател изјави дека...

Економија13 часа

ЕУ постигна договор за руската нафта

Членките на Европската унија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел, во согласност...

Свет14 часа

(Видео) Еруптираше најголемиот активен вулкан во светот, лавата се поблиску до градот

Лава тече од вулканот Мауна Лоа на Хаваите, кој е најголемиот активен вулкан во светот и чија ерупција започна на...

Свет16 часа

Сноуден се заколна на верност на Русија и доби руски пасош

Едвард Сноуден доби руски пасош откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013...

Свет16 часа

Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа...

Македонија17 часа

Мицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само...

Македонија23 часа

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – медиумите на „Клип медија груп“ прославија јубилејни родендени

Првата независна новинска агенција „Макфакс“ прослави 30 години постоење, сега како дел од групацијата „Клип медија груп“, а јубилеи прославија...

Македонија24 часа

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет24 часа

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет1 ден

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...

Регион1 ден

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, даде целосна поддршка на евро-атлантските интеграции на...

Економија1 ден

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното даночење

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ1 ден

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија1 ден

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот Илинден. Директорот...