Европа
Почна уривање на дел од бегалскиот камп во Кале

Уривањето на јужниот дел од бегалскиот камп наречен „Џунгла“ во северното француско пристаниште Кале, чијашто евакуација ја наложи судот, започна во понеделникот со силни мерки на обезбедување.
Два булдожера и работници од приватна компанија, којашто е ангажирана од француската дражва, под строга контрола на интервентната полиција.
Само неколкумина имигранти ги собрале своите работи и плински уреди и ги преместиле во друг дел од кампот.
Повеќе од 30 полициски возила и два камиона се стационирани на западниот влез во кампот за да можат да дојдат на помош на волонтерите кои нудат алтернативни сместувања на имигрантите. Притоа е приведена една од британските активистки од антиглобалистичкото движење „No border“, која се бори за укинување на границите, објави полицијата.
Владата сака да го урне овој најголем камп во земјата во кој според различни извори живеат меѓу 3.700 и 7.000 луѓе, а во четвртокот доби судско одобрување да го евакуира јужниот дел од кампот. Властите најавија дека притоа не планираат да применуваат сила.
Во јужниот дел од кампот живеат меѓу 800 и 1.000 луѓе, според властите, додека според невладините организации ги има 3.450. Тие луѓе би требало да бидат преместени во прифатилиште во Кале или на други места во земјата.
Северниот дел од кампот, во кој живеат меѓу 1.100 и 3.500 луѓе, не е опфатен со оваа одлука.
Соседна Белгија поради уривањето на кампот во Кале ги заостри контролите на границата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин