Европа
Почна втората средба од разговорите Путин – Порошенко, досега немаше напредок

Двостраната средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Петро Порошенко започна попладнето во Милано на маргините од самитот на европските и азиските земји (ASEM), а крајната оцена за претпладневните преговори е дека Москва и Киев и претставниците на европските власти не успеале да постигнат никакво напредок кон решавање на кризата во Украина.
Путин и Порошенко се состанаа по вторпат во петокот, овојпат во друштво на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.
Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, претходно е сретнаа на маргините на самитот на европските и азиски земји (ASEM), во присуство на домаќинот на самитот, италијанскиот премиер Матео Ренци, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон и највисоките функционери на Европската унија, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.
„Досега не гледам дека е постигнат каков и да е договор. Ќе продолжиме да преговараме. Постои напредок во некои поединости, но главното прашање е постојаното кршење на територијалниот интегритет на Украина“, изјави Меркел по првиот состанок.
По завршувањето на првиот круг, Проошенко изјави „За жал, не сум оптимист“, додека Путин за новинарите низ насмевка оцени дека разговорите „беа добри и позитивни“. Агенциите забележуваат дека изјавата на рускиот претседател отскокнуваат од изјавата на неговиот портпарол Дмитриј Песков, кој за медиумите по завршувањето на првата средба рече дека „разговорите навистина беа тешки, полни со неразбирање, несогласувања, но во секој случај одат натаму“.
Мали се очекувањата дека веднаш би можело да се договори јакнење на прекинот на огнот во источна Украина и да се заврши украинско-рускиот спор околу рускиот природен гас, смета Reuters. Потсетува дека Западот и’ наметна санкции на Русија поради нејзината анексија на црноморскиот полуостров Крим во март и дека Москва ги помага со техника и луѓе бунтовниците во доминантно рускојазичните региони на истокот. Русија, пак, тврди дека „огромното мнозинство“ од етничките руси и рускојазичното население на Крим низ референдум одлучило да си ја врати автономијата укината во 1990-те и да се присоедини кон Руската Федерација. Исто така, ги отфрла и тврдењата на Западот дека воени ги помага бунтовниците и бара тие да бидат аргументирани со докази, но потсетува дека нејзино право е да го заштитува рускојазичното население.
Бидејќи Путин во говорот ги изнесол сомневањата во суверенитетот на Украина, Меркел пред другите челници го прекорила потсетувајќи го на договорот од 1994 година од Будимпешта со кој Русија го признала суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучително и Крим, пренесува AFP. Руските медиуми, пак, коментираат дека станува збор за волја на тамошното население, и потсетуваат на ситуацијата со поранешната српска покраина Косово која во 2008 година еднострано прогласи независност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.